Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бил Гејтс – земјоделец? Сопственик е на скоро 100.000 хектари земја!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бил Гејтс – земјоделец? Сопственик е на скоро 100.000 хектари земја!
АгровестиМагазин

Бил Гејтс – земјоделец? Сопственик е на скоро 100.000 хектари земја!

Објавено 15/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бил Гејтс, американски деловен магнат, филантроп, еден од најбогатите луѓе во светот, кој исто така епознат по своите рани програмерски вештини, сопственик е на скоро 98.000 хектари земјоделско земјиште ширум САД. Иако е тешко да се поверува дека овој милијардер ќе се занимава со земјоделство, тој е  сопственик на најголемата обработлива површина во Америка, пишува The Land Report.

После повеќегодишните извештаи за купување на земјоделско земјиште како на пример на Флорида и Вашингтон, откриено е дека Гејтс, според Форбс, поседува земјиште со нето вредност од скоро 121 милијарда долари, во 18 сојузни држави.

Така на пример, неговите најголеми поседи се наоѓаат во Луизијана (скоро 28.000 ха), Арканзас (19.396 ха) и Небраска (8.332 ха). Покрај тоа, тој има удел од 10.421 хектари земја на западната страна на Феникс во Аризона, која се развива во ново предградие. Според истражувањето, тоа земјиште е во сопственост на Каскад Инвестментс, односно во сопственост на неговата инвестициска компанија.

Иако е изненадувачки дека еден милијардер би се занимавал со земјоделство, ова не е неговиот единствен влез во оваа гранка. Во 2008 година, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс најави вложување во неповратни сретстсва во висина од  од 306 милиони американски долари за промовирање на одржливото земјоделство со високи приноси помеѓу малите фармери во субсахарска Африка и Јужна Азија.

Исто така, фондацијата инвестираше во понатамошен развој и проширување на земјоделските култури кои се отпорни на климатските промени, како и во млечни крави со поголем принос на млеко. Овие напори беа актуелизирани минатата година преку непрофитната организација „Gates Ag One”.

Сè уште не е познато како се користи земјоделското земјиште кое е во негова сопственост, но има индиции дека може да се користи на начин што е во согласност со она што го промовира фондацијата, но и самиот тој. На неговиот блог „ГејтсНотс“ тој редовно пишува за климатските промени и за тоа колку земјоделството е одговорно за емисијата на штетни гасови.

 „Зачудувачки е фактот дека во почвата има повеќе јаглерод отколку во атмосферата и во целокупниот  растителен свет“, вели тој.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Бил Гејтсземјоделско земјиштеодржливо земјоделствосад
Претходен напис Дали замрзнатата риба е со послаб квалитет од свежата?
Следен напис Облачно и студено време, врнежи од снег во јужните делови од земјава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?