Зимзелената гаултерија (Gaultheria procumbens) е ниска зимзелена грмушка која се шири со помош на ризоми. Има темнозелени листови кои на есен добиваат виолетова и црвенкаста боја. Бобинките и листовите остануваат на растението во текот на целата зима. Цветовите се во облик на ѕвоно и се бели, а по цветовите се појавуваат плодовите. Листовите и плодовите кога се оштетени испуштаат многу пријатен мирис кој наликува на мирис на ментол.

Билката бара кисела почва, умерена влага и сончева позиција. Не ѝ е потребно земјипте богато со хранливи ,атерии, но бара добра дренажа, Гаултеријата поднесува и сенка, но тогаш послабо расте. Освен за масло, растението се користи и за многу други работи. Од постарите црвеникави листови се дестилира познатото масло „винтергрин“, кое се употребува во лекови, гелови, пати за заби, гуми за џвакање… Има многу лековити својства.

Гаултеријата се размножува со делење или со семе. Многу е полесно да се размножува со делење отколку со семе. Семето треба да има период на мирување од 3 месеци на ладно, се сее на површината на киселиот супстрат и мора да има константна умерена влажност.
Се чува како украсно градинарско растение бидејќи поднесува многу ниски температури и останува зелена во текот на целата година.

За повеќе информации јавете се во „Green Planet“ на 02 306 7747 или посетете го расадникот кој е лоциран на улицата „Илинденска“ 88, во близина на Зоолошката градина и изобилува со најразлични цвеќиња и други декоративни растителни видови.

