Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Живојин пече ракија од морков и зелка: Во неговиот „весел казан“ досега направил ракии од 17 видови овошје и зеленчук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Живојин пече ракија од морков и зелка: Во неговиот „весел казан“ досега направил ракии од 17 видови овошје и зеленчук
Магазин

Живојин пече ракија од морков и зелка: Во неговиот „весел казан“ досега направил ракии од 17 видови овошје и зеленчук

Објавено 18/10/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пензионерот Живојин Јеленковиќ од Лапово, во казанот кој на шега го нарекува „весела машина“, пече сѐ што може да ферментира. Досега има направено ракии од 17 видови овошје и зеленчук. Оваа сезона, вели тој, за прв пат планира во казанот да испече и пиперка.

-Имам два и пол хектари овоштарник и правам ракија за своја душа, но и за продажба. Луѓето најчесто купуваат ракија од сливи, но сакаат да ги пробаат и овие необични видови. Особена им е интересна ракијата од зелка. Од сто килограми зеленчук, добивам околу пет до шест литри алкохол. Во зелката има 2,5 проценти шеќер, и ја рендам, така отстојува околу десетина дена, и потоа може да се пече. Има арома на зелка, но е многу поблага од овошните ракии. Сакам да експериментирам, иако понекогаш се случува и да погрешам – искрен е Јеленковиќ.

Фото: Printscreen/Novosti.rs

„Ја рендам зелката, додавам два и пол килограми шеќер на 70 килограми зелка, па зоврива. По 25 дена, ја ставам во казан, ја печам како слива. Тоа е рецепт за ракија од зелка, истата постапка и за ракија од домати“, вели Живојин.

Годишно, Живојин пече околу 200 литри ракија. Неговите роднини и соседи со задоволство му помагаат во работата, а за да му ја олесни работата, иновирал и две машини за собирање и сецкање овошје.

Ракија може да се направи од секоја суровина што содржи шеќер

Професорот Нинослав Никичевиќ е експерт за ракија, и досега повеќе од 850 луѓе научиле како да го направат овој пијалак на обуки на Земјоделскиот факултет во Земун. Тој посочува дека алкохолен дестилат може да се добие од секоја суровина што содржи одреден процент шеќер во нејзиниот состав.

-Сепак, најважното прашање е дали алкохолниот дестилат од необични, екстравагантни, ретки и чудни суровини е прифатлив и пријатен за човечките сетила. Во повеќето случаи, мојот одговор е не. Квалитетот на овошните ракии произведени во Србија може да се оцени со оценка на факултет од 7,5. Значи, може да биде подобро. Моето долгогодишно искуство покажува дека 40-45 проценти од производителите во Србија произведуваат квалитетни и висококвалитетни, врвни овошни ракии, кои може да се најдат на секој светски пазар, и кои во повеќето случаи се поквалитетни од странските. Тие се алкохолна гордост на Србија, со забелешка дека пакувањето на српските ракии од овошје мора да се подигне на многу повисоко ниво на квалитет. Се извезува главно во земјите од поранешна Југославија, а во странство во Австрија, Швајцарија, Германија, Романија, САД, Канада и Австралија.

На подрачјето на Србија, алкохолни дестилати се прават главно од овошни суровини, сливи, цреши, вишни, кајсии, додека праските, јаболката, крушите, дињите, малините и капините се поретки. Две дестилерии во Србија неодамна започнаа со производство на ракија од морков.

-Застапени се и ракиите од грозје, лозова ракија, а вињак и комовица се нешто поретки. Во последниве години, постои интерес за производство на специјални ракии, особено од билки, силни алкохолни пијалаци, каде што преовладува џин, а од ликери доста се застапени од групата горки, на чело со пелинковец. Од слатките ликери, најзастапена е шери ракијата и ракијата од ореви – објаснува професорот Никишевиќ.

Според податоците на Министерството за земјоделство на Србија, а врз основа на поднесените годишни извештаи на регистрирани производители, во 2019 година се произведени 33,7 милиони литри ракија, што претставува зголемување на производството од 23 проценти во споредба со претходната година. Покрај регистрираните производители, претприемачи и компании, има голем број индивидуални производители кои прават ракија за сопствени потреби како вековна традиција.

Александар Богуновиќ од Стопанската комора на Србија напоменува дека речиси секоја куќа во рурална средина има овоштарник и претежно ги преработува плодовите во најкомерцијалниот овошен производ – ракија. Се проценува дека со количината на ракија во нивните сопствени домаќинства, вкупната количина произведена ракија е околу 50-60 милиони литри, од кои најголемото производство е сконцентрирано во регионите Расина, Шумадија и Златибор.

-Според податоците на Републичкото биро за статистика во Србија, во 2020 година, извозот на овошна ракија изнесувал околу 7,3 милиони евра и е поголем за 30 проценти во споредба со 2019 година, кога изнесувал околу 5,6 милиони евра. Минатата година се зголемил извозот на овошна ракија во Германија, САД и Хрватска, додека помал извоз бил реализиран во Црна Гора и БиХ. Овие пет земји учествуваат во вкупниот извоз на овошна ракија со 67 проценти. Трендот на раст на извозот на овошна ракија продолжува и во првите три месеци од 2021 година и бележи раст од 59 проценти во споредба со првите три месеци од минатата година – вели Александар Богуновиќ.

Тој напоменува дека Србија лани произвела околу 583.000 тони сливи, од кои околу 70 проценти се преработуваат во ракија.

Извор: novosti.rs

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:зелкаракијаракија од морков
Претходен напис Времето денеска облачно и потопло со услови за локален краткотраен дожд
Следен напис (Видео) Најголемиот трактор на пареа во светот е обновен и повторно ора
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?