Case 150 КС е најголемиот трактор на пареа во светот. Првично датира од 1905 година, а произведени се само девет такви модели. Сепак, еден од нив не остана само дел од историјата. Зачуван е благодарение на инженерот Кори Андерсон од Јужна Дакота, кој го обновил.
Во видео на неговиот канал на Јутјуб, тој покажува како изгледа сега, опишува како поминала неговата обнова врз основа на оригиналните дизајни од компанијата „Case“. Проектот за реновирање започнал во 2008 година, а тракторот бил завршен во 2018 година.
На овој инженер му помагаа пријатели и волонтери. Најпрво дизајнирал 3D модел во компјутерска програма CAD (Computer Aided Drafting) за полесно да ги создава деловите кои потоа со неговиот тим ги направиле во леарница во Вебстер. Кога биле завршени, биле транспортирани во сојузната држава Вајоминг.

„Мојот сон уште од детство беше да работам на ова. Знаев дека ми треба простор, опрема и ресурси за тоа. Така, ја отворив фирмата Anderson Industries во мојата гаража“, изјавил Андерсон за Аgweek.
По осум илјади работни часови, неговиот сон станал реалност. Тракторот на пареа бил завршен по 10 години. Целата изработка ја следеле повеќе од 10.000 негови следбеници на Фејсбук, и редовно објавувал и видеа.

Во однос на димензиите, овој парен трактор е широк 4,5 метри, висок 4,2 метри и долг 8,4 метри. Тежи повеќе од 34 тони и има брзина на моторот од 200 вртежи во минута, додека притисокот на котелот е 180 PSI.

Пред пуштање во погон, тимот морал да ги исчисти цевките, да подготви ложиште, дрво и јаглен, да го наполни котелот со вода, да го провери притисокот на пареата и слично. Како што забележува Андерсон, од клучно значење е работата на котелот да генерира пареа за да избегне несреќи ако нивото на водата падне под минималната граница.
Овој трактор веќе ја изврши својата прва функција – орање со два плуга на John Deere споени во едно.
Погледнете како изгледа тоа:
