Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жетвата на пченицата во Србија се очекува да почне по 10 јули – Што очекуваат земјоделците?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Жетвата на пченицата во Србија се очекува да почне по 10 јули – Што очекуваат земјоделците?
Агровести

Жетвата на пченицата во Србија се очекува да почне по 10 јули – Што очекуваат земјоделците?

Објавено 05/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Здружението на земјоделци Стиг и Млава, Драшко Живковиќ вчера изјави дека жетвата на пченицата во Србија може да започне по 10 јули доколку дождот не ја одложи.

Тој за „Бета“ вели дека жетвата е во тек, но родот кај раните сорти пченица и на помалите парцели е слаб, иако тоа не мора да е показател за општата состојба на посевите.

  • Пченицата годинава беше прилично лоша, трипати ја заштитувавме од разни болести, а при цветањето врнеше дожд што го спречи опрашувањето, па родот е под знак прашалник – вели Живковиќ.

Тој додава дека се надева дека временските услови, како пред десет години, нема да се повторат – за време на жетвата постокано да врне, а пченицата да прорти во калта.

Живковиќ вели дека неколку здруженија на земјоделци побарале од државата пред две недели да откупи 300.000 тони пченица по цена повисока од пазарната, што е под 32 динари за килограм, колку што е производната цена.

Според претседателот на Независното здружение на земјоделци на Србија, Јовица Јакшиќ, земјоделците кои ги примениле сите агротехнички мерки можат да очекуваат добар род на пченица, додека останатите многу слаб.

Јакшиќ вели дека честите врнежи се голем проблем и дека пченицата кога е зрела, а не може да се оврши, го губи својот квалитет.

  • За неколку дена пченицата може да изгуби 20 отсто од квалитетот поради дождот – рече Јакшиќ.

Додава дека жетвата на маслодајната репка е во тек и дека приносот е добар, околу три до четири тони по хектар, но дека цената е ниска, околу 42-43 динари за килограм, додека лани била 95 динари на почетокот на жетвата, а подоцна паднала на околу 70 динари.

  • Цената на маслодајната репка е толку ниска што и под услов приносот да биде максимален, четири тони по хектар, приходот од таој род, по цена од 42 динари, не може да ги покрие сите производствени трошоци, бидејќи изнесува околу 170.000 динари, а сеидбата без пресметани трошоци за работна сила, амортизација на машини и осигурување, чини од 170.000 до 180.000 динари – рече Јакшиќ.

Извор: Еkapija.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:жетвапчемницапченицасрбија
Претходен напис Аерација на земјиштето е услов за подобар развој на коренот
Следен напис Што предвидува новиот закон на ЕУ за растенијата со уредени гени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?