Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што предвидува новиот закон на ЕУ за растенијата со уредени гени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Што предвидува новиот закон на ЕУ за растенијата со уредени гени
Агровести

Што предвидува новиот закон на ЕУ за растенијата со уредени гени

Објавено 05/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Предлогот на Европската комисија за легализирање на новите технологии за уредување на гени кај растенијата предизвика бројни полемики, објави Politico. Брисел влегува во последната фаза од воведувањето на новиот закон на кој се спротивставуваат активистите за заштита на животната средина и малите земјоделци, а ќе биде претставен оваа недела.

Комисијата смета дека многу рестриктивната регулатива на ЕУ, која претходи на понови технологии, претставува големи пречки за одгледување генетски модифицирани култури и им овозможува на земјите од ЕУ да ги забранат дури и откако ќе се покаже дека се безбедни. Новиот закон има за цел да ја намали бирократијата и да овозможи полесен пристап на пазарот за растенијата одгледувани со „нови геномски техники“ (НГТ), како што е CRISPR-Cas9, кои таргетираат специфични гени без нужно да воведуваат генетски материјал надвор од генофондот на одгледувачот.

Мултинационалните компании, како што се Баер, Сингента и Кортева, настапуваат здружено и го поддржуваат усвојувањето на таков закон. Тие веќе контролираат голем дел од секторот за оплеменување растенија, како и низа помали компании, научници и групи на земјоделци како што е Copa-Cogeca. Тие тврдат дека ЕУ ризикува да заостане зад остатокот од светот во употребата на нови култури со посебни особини кои можат да ги направат похранливи, поефикасни и подобро прилагодени на климатските промени.

На другата страна се зелените политички партии, групите за застапување на заштита на животната средина, еколошките и малите земјоделци и повеќе од 400.000 граѓани на ЕУ кои потпишаа петиција против дерегулацијата на, како што го нарекуваат, „новото ГМО“. Тие посочуваат дека правилата дополнително ќе го заострат притисокот врз неколку мултинационални компании, што ќе им овозможи да бараат патенти за земјоделски култури што можеле да се добијат со конвенционални методи на одгледување, а истовремено да го загрозат конвенционалното и органското производство. Посочуваат и дека останува прашањето за безбедноста на вака добиените производи, бидејќи НГТ постои нешто повеќе од една деценија.

Комисијата ќе го презентира предложениот закон како дел од најновиот пакет мерки во рамките на Зелениот план. Ова ќе вклучи нов закон за здравјето на почвата, законодавство за семиња и друг растителен и шумски репродуктивен материјал и ревизии на аспектите на отпадот од храна и текстил од Рамковната директива на ЕУ за отпад.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:закон за гениуредени гени
Претходен напис Жетвата на пченицата во Србија се очекува да почне по 10 јули – Што очекуваат земјоделците?
Следен напис Семејството Дочински за првпат во Македонија произведува мед со сушено овошје: Пчеларството за нас е семеен бизнис со целосна посветеност, вклучувајќи нè подеднакво сите и со работа и со нови идеи за унапредување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?