Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жеравите му уништиле 30 хектари пченка на полски земјоделец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Жеравите му уништиле 30 хектари пченка на полски земјоделец
Магазин

Жеравите му уништиле 30 хектари пченка на полски земјоделец

Објавено 31/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дека заштитените птици можат да бидат голем проблем во земјоделството покажува и случајот на полски фармер од околината на Језерска лагуна. Земјоделецот од општина Добре во областа Вилкополска, Збигњев Томчик, останал без 30 хектари засеана пченка за еден ден.

Обработливото земјиште е на осум километри од местото каде што се гнездат птиците, а особено заштитените видови како што се жеравите, пишува Фармер.

Томчика вели дека се големи и незаситни. Досега редовно ги гледал на своите ниви, но никогаш во толкав број:

„На мојата земја изброив 400 птици. Од мојата пченка што ја посеав на 30 хектари не остана ништо.“, вели тој.

Само за семе потрошил над 4.000 евра, а тука се и трошоците за ѓубриво и гориво. Не можел ништо да направи освен да гледа како се уништува плодот на неговиот труд.

Штетата нема да се надомести

Голем проблем е што полските закони и регулативи ги штитат птиците, но не ги обештетуваат фармерите. На фармерите не им е дозволено ни да ги плашат жеравите.

„Ни останува само да гледаме и да плачеме, бидејќи законот му ги врзува рацете на селанецот, дури и кога ќе му се уништи работата и имотот“, се жали земјоделецот.

Во Полска, најмалку десет години се води дебата за компензација за штета на полињата од заштитени видови. Во 2021 година, Националниот совет на земјоделски комори неколкупати побарал од Владата да ги промени прописите во оваа област.

И додека претставниците на Министерствата за земјоделство и за животна средина во своите одговори секогаш ги цитираат прописите кои докажуваат дека државната каса не е должна да ја надомести таквата штета, Владата не направила никаков напор да им помогне на земјоделците кои се повеќе страдаат.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:жеравиполска
Претходен напис Aвионскa дезинсекција утре во Велес и околината
Следен напис Германија во среда ќе го намали данокот на гориво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?