Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Aвионскa дезинсекција утре во Велес и околината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Aвионскa дезинсекција утре во Велес и околината
Агровести

Aвионскa дезинсекција утре во Велес и околината

Објавено 31/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Границата на третирањето е Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари.

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, од Општина Велес информираат дека првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши утре во периодот од 05 до 08 часот.

Доколку временските услови не дозволуваат авионското прскање ќе се изврши наредниот ден.

-Границата, на третирањето е Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук” и село Горно Оризари. Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина,информираат од Општина Велес.

Третманот ќе се врши со средство „KULFAK 50 ЕС”, биоциден производ на производител „KULSAN ILАС”, од Турција, одобрено од Министерството за здравство.

Од Општината предупредуваат пчеларите во време на третирањето и 3 до 4 часа потоа треба да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирање врз безбедноста на пчелните семејства.

Може да ви се допадне

Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Таг:комарци
Претходен напис Во периодот од 2015 до 2020 година, ЕУ изгубила 257.000 лозови насади
Следен напис Жеравите му уништиле 30 хектари пченка на полски земјоделец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?