Европскиот завод за статистика Eurostat објави дека во 2021 година, производството на огревно дрво во ЕУ изнесувало 118,5 милиони м³. Ова е зголемување од четири отсто во однос на 2020 година (113,8 милиони м³) и во однос на 2019 година зголемувањето е три отсто (115,0 милиони м³).
Во последните години, производството на огревно дрво бележи постојан пораст од 18 проценти во 2019 година во споредба со три години претходно. Се намалило во 2020 година поради мерките поврзани со сузбивање на пандемијата ковид-19.
Во 2021 година пет земји членки забележале најголемо производство на огревно дрво. На прво место е Франција со 26,7 милиони м³, а потоа следат Германија со 23,2 милиони, Финска со 8,9 милиони, Романија со 6,4 милиони и Шведска со 5,5 милиони кубни метри. Тоа е вкупен пораст од 65 проценти на производството на огревно дрво во ЕУ.
Во споредба со 2020 година, најголем пораст на производството е забележан во Германија и Франција за 15 отсто и Унгарија за 14 отсто. Најголем пад е забележан во Луксембург за 23 отсто, Австрија за осум отсто и Естонија за шест отсто.
