Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали пчеларите можат да спречат катастрофа? Поради невообичаено топлата зима пчелите во Хрватска се разбудиле порано
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дали пчеларите можат да спречат катастрофа? Поради невообичаено топлата зима пчелите во Хрватска се разбудиле порано
Агровести

Дали пчеларите можат да спречат катастрофа? Поради невообичаено топлата зима пчелите во Хрватска се разбудиле порано

Објавено 04/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради невообичаено топлата зима, природата во Хрватска почнала да се буди веќе на почетокот на јануари. Заедно со вегетацијата почнале да се будат и пчелите, што може да биде исклучително опасно. Доколку дојде до подолг студен период, може да дојде до изумирање на пчелите.

Пролетните температури среде зима прерано ги намамиле пчелите од кошниците. Цветовите на леските веќе внесуваат полен, па матиците многу порано почнале да несат јајца. Се ќе биде во ред доколку не настапи долготрајна студена зима.

-Ако настапи студ и потрае, пчелите ќе се собираат околу леглото бидејќи веќе го започнале. И тогаш може да се случи, ако трае студот, пчелите да се оддалечат од храната, доволно е 2 сантиметри да се оддалечат, и да умрат од глад – објаснува пчеларот Златко Миловац за HRT.

Она што можат да го направат пчеларите во тој случај за да спречат катастрофа е да постават пчелни колачи на рамките за да им ја доближат храната. И додека се уште не се знае што ќе донесе зимата, топлата есен веќе направи штета.

-Оваа година е посебна по тоа што есента беше многу долга, потоа дојде до реинвазија на вароата, што никој не го очекуваше – вели Миловац.

Пчеларите сега, за жал, пријавуваат големи загуби, во некои пчеларници умреле 50 до 70 проценти од пчелните заедници.

-Се уште не знаеме која е причината. Сите претпоставуваат дека се работи за вароа, која досега им нанесуваше штета на пчеларниците, но некои дури претпоставуваат дека е некој нов вирус кој се појавил и кој едноставно ја уништува оваа зимска пчела, изјави Вера Марушиќ, пчелар, член на Пчеларската задруга „Билогора – Бјеловар“.

На пчеларите и на овоштарите им останува само да се надеваат дека нема да има големи временски екстреми, бидејќи адаптацијата на климатските промени бара многу повеќе, пренесува HRT.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пчелихрватска
Претходен напис Зголемено производството на огревно дрво во Европската Унија
Следен напис Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?