Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Постапка за поднесување барање за субвенции: Земјоделецот Лазо Недевски за 10 минути поднесе барање и се запиша во регистарот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Постапка за поднесување барање за субвенции: Земјоделецот Лазо Недевски за 10 минути поднесе барање и се запиша во регистарот
Субвенции

Постапка за поднесување барање за субвенции: Земјоделецот Лазо Недевски за 10 минути поднесе барање и се запиша во регистарот

Објавено 03/12/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како што веќе информиравме започнато е поднесувањето на барања за субвенции и тоа за производи предадени во преработувачката индустријa, предадено грозје и органско производство за 2019 година.

До 25 ти декември ќе трае поднесувањето на барања за предадено овошје и зеленчук во регистрирани преработувачки капацитети. Поднесувањето е веќе започнато.

Исто така до 25 ти декември ќе трае и поднесувањето на барањата за органско производство (мерки за преработка, трговија, стручна контрола и сертификација, лабораториски анализи). Поднесувањето исто така веќе е започнато.

Започна пријавувањето и за дополнителните 2 денари за грозјето и трае до 25 -ти декември. Потребна е потврда за предадено грозје.

Како оди цела постапка на поднесување барање ќе ви прикажеме преку примерот на земјоделецот Лазо Недевски, производител на органско гоџи бери.

Недевски според живеалиште на лична карта (а не според тоа каде се наоѓаат површините) припаѓа во Општина Карпош таму и поднесува барање за добивање на субвенции.

Првиот чекор е пополнување на техничко барање за органско производство и потоа заверка на барањето во архива.

Потоа операторот ги превзема документите и врши аплицирање и тоа за директни плаќања, за стручна контрола и сертификација за директни плаќања за трговија или извоз на свежи или преработени органски производи.

Недевски ги поднесе и потребните документи кои се бараат:

Договор со овластено тело за вршење на стручна контрола и сертификација.

Фотокопија од сертификат за извршена стручна контрола и

Финансов документ за продадени производи на домашен пазар.

Неговото доаѓање во Подрачната единица во Карпош го искористи и за да ги ажурира податоците во Единствениот регистер на земјоделски стопанства и СИЗИП за мерките по површини.

Ажурирањето на податоците се врши до 15 ти март 2020 година. Оние земјоделци кои нема да ги ажурираат податоците, за мерките по површина нема да можат да аплицираат за субвенции. Ажурирањето важи и за сите земјоделци кои аплицираат за мерките по површина.

Сета оваа активност на земјоделецот Лазо Недановски траеше 10 минути по што тој замина задоволен од ПЕ Карпош во Скопје.

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Пораз за аграрна Македонија: Во земјоделското училиште во Битола се запишале само три деца!
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
Таг:земјоделецлазоорганскопријавувањесубвенции
Претходен напис ПЕ Прилеп на терен: Се делат картички „Зелена нафта“, се следи откупот на тутун
Следен напис „Тиквешки вински пат”: За 13 години обезбедивме над милион евра европски пари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?