Земјоделството во Романија, оваа година претрпи големи загуби, како резултат на продолжената суша. Приносите на пченица и другите житни култури се многу пониски од очекуваните, а најмногу погодени се областите околу градот и пристаништето Констанца, каде се уништени над три четвртини од обработените површини. Дожд не заврна 70 дена, а ако продолжи вака и следниот месец, ќе пропадне и наредната година.
Самата суша и не би била таков проблем, но кога приносот е преполовен во земја која е меѓу најголемите извозници, тогаш станува проблем за целиот свет.
Но, очигледно тамошната влада, како да не е многу засегната од ова бидејќи сè уште не обезбедила вистинска поддршка за земјоделците. Земјоделецот Мирчеа Чипчили од црноморскиот регион Добруџа на истокот на земјата, кој е член на Граѓанската иницијатива на земјоделските производители, најави протест, а истиот го зпочнаа вчера на 26 август.
Ветената оштета не ги покрива загубите
Земјоделците велат дека повеќе не веруваат во ветувањата дадени од раководството на Министерството за земјоделство во врска со исплата на надоместок за земјоделските култури уништени од сушата.
“Бараме одложување на ратите во банките, а не откажување. Бараме во нашата област да биде прогласена елементарна непогода. Загубите што ги претрпивме се огромни. Износот што го вети министерот за земјоделство по хектар култури погодени од сушата не ги покрива нашите загуби”, изјавуваат за медиумите.
Она што го ветија, земјоделците тоа и го направија – тие протестираа на неколку локации околу Констанца.
“Учествуваат земјоделците од целата провинција, над стотина земјоделци се собраа во оваа областа, но протестите се одвиваат низ целата Доброгеја. Ја извадивме целата опрема на улиците, од трактори до комбинирајни. Ја разбираме ситуацијата во земјата, но не можеме да поминеме без да прогласиме елементарна непогода “, рече Чипчили за Агроинтел.
Овој земјоделец испрати апел до Владата, повикувајќи се на преседанот од 2006 година, кога се случи слично сценарио. “Сега зборуваме за пролетни култури што нема да ги береме, немаме скоро ништо. Приносот на сончогледот е 200-300 килограми по хектар, пченката не е за берење, грашок не собравме ниту едно зрно! Исто така чекаме оштета која треба да помогне во есенската сеидба. Но, ако не успееме со овој протест, јас лично ќе го земам тракторот со најголем плуг и ќе го блокирам министерот за да не може да го мрдни својот џип. Ако не ги преземе потребните чекори за прогласување на елементарна катастрофа, јас ќе му ги давам и клучевите од тракторот, за да ја плати киријата“, огорчено зборува тој.
Ден пред протестот, романското Министерство за земјоделство испрати изјава со која сакаат да ги уверат земјоделците дека ќе ја добијат потребната помош.
Извор: Агроклуб
