Кампањата на Diners Club со најголемите застапници на земјоделска механизација со која земјоделците имаат можност да купуваат приклучна механизација на 12 рати без камата, ја поздравија производителите од штипско Таринци.
На средбата која ја организираше Агротим заедно со потретседателот на Асоцијацијата на земјоделци Гоце Серафимов, земјоделците имаа можност да се запознаат со условите да се добие картичката, со начинот на аплицирање и во кои продажни места можат да набават приклучна механизација и други производи.
-Ова е одлична можност за нас, да си купуваме механизација на рати. Добро би било да има повеќе вакви продажни места каде може да купуваме на 12 рати без камата, особено имаме потреба од набавка на семе, препрати и други репроматеријали од земјоделски аптеки – вели Серафимов.

Земјоделците потенцираа дека е многу важно да имаат лесен пристап до финасии со условите кои ги нуди Diners Club, кредитна картичка без дополнителни трошоци за одобрување но очекуваат да се зголеми лимитот кој го добиваат за да може да набават повеќе приклучна механизација.
-Ако е поголем лимитот кој го добиваме ќе можеме да си купиме комплетна приклучна механизација која ќе ни ја олесни работата во нивите, овоштарниците или лозјата – вели Серафимов.
Парите кои ги добиваат како лимит најавија дека ќе ги искористат за набавка на нова приклучна механизација на 12 рати без камата во претставништвата на Синпекс, Хемометал и Нај Пром.

Сите земјоделци кои сакаат да имаат картичка Дајнерс можат тоа да го сторат со аплицирање на следниот линк
Ги повикуваме земјоделците кои се заинтересирани да добијат кредитни картички од Diners Club, да не контактираат на 071 225 345, да организираме ваква средба и директно запознавање со условите и начинот на користење на картичките.
