Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Период на мирување или зимски одмор кај виновата лоза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Период на мирување или зимски одмор кај виновата лоза
Агровести

Период на мирување или зимски одмор кај виновата лоза

Објавено 17/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Животниот циклус односно фенолошки циклус на лозата се состои од низа од фази, започнува во време на фазата на мирување и завршува во следната вегетациска зимска фаза на мирување. Овој циклус е значаен годишен процес за производство на висококвалитетно грозје и секоја фаза е од големо значење, периодот на зимското мирување е основа за правилен развој на виновата лоза на пролет. По завршувањето на вегетацијата и опаѓањето на листовите, со појавата на пониски температури, виновата лоза преминува во фаза на зимско мирување. Во текот на овој период физиолошките процеси се значително намалени, а растението ја зголемува својата отпорност кон ниски температури. Во наши услови овој период на зимско мирување кај винова лоза трае од ноември до март, зависно од климатските услови и сортата на лозата. Во региони со постудена зима, мирувањето може да биде подолготрајно, а во потопли региони – пократко.

Во текот на зимското мирување се одвиваат важни биохемиски процеси, при што скробот акумулиран во текот на вегетацијата постепено се трансформира во растворливи шеќери. Овие шеќери имаат значајна улога во фазата на мирување и претставуваат енергетска резерва за почетокот на вегетацијата напролет, а истовремено ја зголемуваат отпорноста на лозата кон зимските ниски температури, дејствувајќи како природна заштита од мраз.

Зимското мирување во голема мера зависи од агрометеоролошките услови особено од траењето и интензитетот на ниските температури. Температурите помеѓу 0°C и 10°C овозможуваат оптимално зимско мирување. Доволен број ладни часови овозможуваат рамномерен развој на пупките и квалитетен род. Појавата на екстремно ниски температури може да предизвика оштетувања на лозата, при што пупките се најосетливи при температури под –15 до –18 °C, во зависност од сортата.

Кога лозите ќе влезат во фаза на мирување, се препорачува да се покријат ластарите најмалку 5-6 окца на ластарот со умерено влажна почва. Овој метод осигурува дека пупките од винова лоза се заштитени од зимски мразови, бидејќи почвата обезбедува дополнителен термички слој што го спречува замрзнувањето. Исто така потребно е редовно следење на агрометеоролошките прогнози и предупредувања во текот на зимскиот период поради навремена проценка на ризиците и планирање на агротехничките мерки во лозарството.

Извор – УХМР

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:винова лозамирувањеуслови
Претходен напис Каракашев за ТВ24: Потребен е закон за одредување најниска откупна цена
Следен напис Земјоделците од Таринци аплицираа за картичка Дајнерс: Одлична можност да си купиме механизација на РАТИ БЕЗ КАМАТА
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?