Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Серафимовски: Владата ќе ги олесни условите за кредитирање на винарниците за зголемен откуп на грозјето, полесно до субвенции и за лозарите, овоштарите и поледелците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Серафимовски: Владата ќе ги олесни условите за кредитирање на винарниците за зголемен откуп на грозјето, полесно до субвенции и за лозарите, овоштарите и поледелците
Агровести

Серафимовски: Владата ќе ги олесни условите за кредитирање на винарниците за зголемен откуп на грозјето, полесно до субвенции и за лозарите, овоштарите и поледелците

Објавено 07/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на следната седница ќе ја измени Одлуката за условите за користење на средствата од компензационите фондови со цел да се олесни пристапот на винарските визби до средствата наменети за откуп на винско грозје и да се обезбеди навремена исплата на лозарите – најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

На прес-конференција посветена на тековната берба на винското грозје, Серафимовски информира дека станува збор за кредитна линија преку Развојната банка во вкупна вредност од 793,48 милиони денари, односно околу 12,9 милиони евра.

Од овие средства, 553,48 милиони денари или околу девет милиони евра се наменети за откуп на винско грозје од сортата вранец, додека 240 милиони денари или околу 3,9 милиони евра се предвидени за откуп на оризова арпа.

– На барање на винарските визби ќе ги олесниме условите за користење на овие средства за откуп на вранец. Грејс-периодот ќе биде зголемен од три на 18 месеци, по што ќе следуваат дополнителни 18 месеци за отплата на кредитот, со фиксна годишна каматна стапка од еден процент. Како заложно обезбедување ќе може да се користи и произведеното вино – истакна Серафимовски.

Според него, измените треба да ја подобрат ликвидноста на винарниците и да создадат услови за зголемен откуп на најзастапената винска сорта во земјава.

Министерот посочи дека потребата од ваквата мерка ја потврдуваат и извозните резултати во секторот.

Во првите осум месеци од годинава од државата се извезени 5.582 тони грозје. Притоа, извозот на трпезно грозје достигнал 4.962 тони и е повисок за 2,7 проценти во споредба со лани, додека извозот на винско грозје е намален од 854 на 619 тони, што претставува пад од околу 27,5 проценти.

На прес-конференцијата, Серафимовски информира дека ќе предложи олеснување на условите за остварување право на субвенции за производителите во лозарството, овоштарството и поледелство и дека во изминатиот период е засилена исплатата на финансиската поддршка кон земјоделците, при што досега се исплатени 948,78 милиони денари, односно околу 15,4 милиони евра на 30 389 корисници опфатени со мерките.

Тој посочи дека неповолните временски услови и ограничените можности за пласман на производството довеле дел од земјоделците објективно да не можат да го исполнат условот за најмалку 30 проценти продадено или предадено производство.

– Во Министерството ги завршуваме анализите за измена на Уредбата за директните плаќања за 2026 година. На следната седница на Владата ќе предложиме укинување на овој услов за производителите во лозарството, овоштарството и поледелството, изјави министерот.

Според него, целта е да се овозможи поголем број земјоделци да го остварат правото на финансиска поддршка во услови на отежнат пласман и неповолни временски прилики. 

МИА

Може да ви се допадне

Зрелост и берба на грозјето
Потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, угинати се околу 10.000, апел сточарите да ги почитуваат препораките
ДТИРЗ: Расте интересот за инвестирање во Македонија, за јули 2024 – јуни 2026 година прилив од 1,381 милијарди евра
Водата во Скопје е безбедна за консумирање
Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат 400 милиони случаи на труење кај земјоделците
Таг:винарницитегрозјетокредитирањеСерафимовскисубвенции
Претходен напис Од среда нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Следен напис Потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, угинати се околу 10.000, апел сточарите да ги почитуваат препораките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?