Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Италија тргнува во биолошка војна против смрдливките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Италија тргнува во биолошка војна против смрдливките
Агровести

Италија тргнува во биолошка војна против смрдливките

Објавено 17/06/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Италијанското Министерство за земјоделство ги довршува прелиминарните мерки за пуштање во околината на самурајските оси, односно природниот грабливец на веќе добро познатиот штетник на овошјето кој на тамошните овоштари минатата година им нанесе штета во вредност од половина милијарда евра. Усвојувањето на уредбата со која во Италија ќе користи самурајски оси во билошката војна против смрдливките (Halyomorpha halys) се очекува овие денови, изјавил италијанскиот државен службеник за земјоделство Џузепе Лабате.

Министерството за заштита на околината и италијанската истражувачка агенција ISPRA ја одобрија постапката која е потребна за пуштање на овој вид на оси во италијанскиот еко-систем. Првото пуштање предвидено е во втората половина на јули, а второто  во средината на август. Имено, „војската“ од мали инсекти е задолжена за водење на биолошка војна против кафеавите смрдливки кои во Европа се доведени од Азија со меѓународен транспорт уште во 2004 година.

Според истажувањата, азиската самурајска оса (Trissolcus japonicus) се храни со јајцата на овој штетник и така ја намалува неговата популација. Имено, овој вид на штетник е за прв пат откриен во Италија не така одамна во 2012 година а од тогаш се размножија и прават штета во шест региони на северот на земјата.

Големи штети за овоштарството, но и за градинарството

Смрдливките најмногу ги напаѓаат лешниците, крушите, јаболката, киви, праски, цреши и вишни, а нивното ширење предизвика огромни економски загуби за производителите на овошје но и на зеленчук. Потсетуваме дека, оваа година ги загрозија светските залихи на лешници и ги опустошија овоштарниците во Турција, а во Италија минатата година уништија над 40% на родот со лешници. Тогаш од организацијата на земјоделци Колдирети напоменуваа дека мора да се зајакне одбраната од овие штетници истакнувајќи дека за биолошка контрола би била добра самурајската оса.

Владата издвоила само 80 милиони евра за оштета

Крајот на март Евроспката комисија донесе акт со кои ги задоволи италијанските барања за дополнителни мерки за надокнада на штетите, како и поедноставен пристап на оштетените производители  до итните мерки за обесштетување, во рамки на Заедничката земјоделска политика.

Во овогодинешната пресметка италијанската влада издвоила само 80 милиони евра за да може да ги нандокнади штетите на земјоделците, што е мал износ во споредба со проценетата штета поголема од 500 милиони евра, пишува еуроактив.

Самурајските оси ги користат таму каде што не се употребени пестициди

Ослободувањето на самурајските оси е направено после тригодишната национална програма за биолошка контрола на смрдливкте која ја спровела владината организација за земјоделски истражувања и анализа на земјоделските стопанства.

Во текот на истражувањата популацијата на осите ставена е во карантин во италијанскиот еко-систем, не само поради проверка на нејзиниот потенцијал против штетниците, туку и  поради проценка на можното влијание на околината. Во регионот Пијемонт, тие ќе се користат на 100 места кои не поминале третман со пестициди, за да се избегне нивна смртност. Во секое место во два наврати во рок од 20 дена ќе бидат пуштени 100 женски и 10 машки оси.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:биолошка војнаеко-системиталијасамурајска осаСмрдливки
Претходен напис Европол предупредува: Криминални организации го превземаат европското земјоделство?!
Следен напис Земјоделците не запираат и во време на кризa, Николче Ристески инвестира во нов трактор и ги зголемува површините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?