Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците не сакале да протестираат кај откупувачите на пиперки, тврди Мицкоски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците не сакале да протестираат кај откупувачите на пиперки, тврди Мицкоски
Агровести

Земјоделците не сакале да протестираат кај откупувачите на пиперки, тврди Мицкоски

Објавено 15/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата.

Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори меѓу засегнатите страни.

-Да, од она коешто сум информиран од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство е дека се водеа разговори. Но она што е многу чудно, сакам да напоменам, кое мене ми беше чудно од тие брифинзи коишто ги добив од министерот, е фактот дека и ние ги поддржуваме земјоделците за повисоки цени. И кога им рековме „Ајде да одиме да протестираме заедно кај откупувачите, знаеме кои се 3-4 откупувачи најголеми, ајде да одиме, еве на една локација ќе биде министерот, на друга градоначалникот еден, градоначалникот два“, а рекоа не. Рекоа „не, зошто да протестираме, па тоа нас не ни одговара“. Па чекајте, велиме ние, ако вас тоа не ви одговара, тогаш Владата не откупува – рече премиерот.

Тој посочи дека Владата ги поддржува барањата на земјоделците за повисоки откупни цени и оцени дека нивниот труд е потценет од страна на откупувачите. Како што посочи, на земјоделците им било предложено заеднички да протестираат пред најголемите откупувачи, но тие не ја прифатиле таа иницијатива.

-Еве ние ве поддржуваме. Ние сакаме да имате повисока цена за вашиот род и заслужувате повисока цена, и треба да имате. Вашиот род од страна на откупувачите е потценет, ајде заедно во откупните центри да протестираме сите. Е тогаш наеднаш се постигна договор, наеднаш сите се договорија и наедеднаш се затвори целата оваа приказна. Но, добро е што сега сите се задоволни и што откупот веќе неколку дена тече онака како што очекувавме, рече Мицкоски.

Извор – Слободен печат

Може да ви се допадне

Производителите на пченица од Пелагониско бараат државата според Законот да оддели по 5 денари од Интервентниот фонд за килограм откупена пченица
Винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино
Затекнати додека подметнуваат пожари: Уапсени две лица во Битола и Прилеп
Земјоделска задруга ШАРИ: Болеста сипаници кај овците и козите претставува сериозен ризик за сточарството, ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ НАШИТЕ ЖИВОТНИ!
Водата во Гостивар е безбедна за пиење
Таг:министерМицкоскипиперки
Претходен напис Производителите на пченица од Пелагониско бараат државата според Законот да оддели по 5 денари од Интервентниот фонд за килограм откупена пченица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?