Земјоделци од струмичките села Иловица и Штука кои произведуваат компир денеска излегоа на протест. Блокираа откупен пункт заради ниската откупна цена и бараат заштита од институциите. Според нив нелогично е вчера да се продаваат по 30 а денеска по 25 денари по килограм. Најавија дека ќе останат на блокадата цел ден.