Заменик Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини денеска се обрати на затворањето на тридневната 13. Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ која во хибриден формат се одржа во Скопје.
Тој изрази благодарност на ФАО, Градежниот факултет – Скопје и Делегацијата на Европката унија за поддршката во организирање на овој важен настан на кој се остварија контакти и се разменија искуства за битни теми од областа на земјишната политика со повеќе од 180 стручни лица и професионалци од областа на управувањето со земјиштето, од преку 40 земји од Европа и Централна Азија.
Заменик Министерот Абедини во рамки на настанот денеска имаше кратки средби со Илхама Гадимова, Заменик Министерка за земјоделство на Азербеџан и со Арман Коајан, Заменик Министер за економија на Ерменија.
