Со градоначалникот на општина Теарце имавме одлична конструктивна средба. Наша цел е што поголема финансиска поддршка во општините, како и олеснет пристап до навремени информации за сите наши тековни проекти програми и мерки за земјоделците. Разговаравме за мерките од рурален развој кој ќе бидат распишани на почетокот на 2023 година, односно мерки за поддршка на проекти за изградба на улици, канализации, системи за наводнување, развој на руралните средини.
Во претходните три години поддржавме 204 проекти во износ од 40 милиони евра низ сите општини, така ќе продолжиме и во следните три. Градиме партнерски однос со општините, работиме во интерес на земјоделците, сите сили ги насочуваме кон зголемено и одржливо домашно производство.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
