Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зелената нафта добредојдена кај земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Зелената нафта добредојдена кај земјоделците
Субвенции

Зелената нафта добредојдена кај земјоделците

Последна измена: 04/03/2020 14:47
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Еден од земјоделците, кои изминатиов период доби картичка за зелена нафта во Крива Паланка е 74 годишнито пензионер Стоиле Голубовски. Тој поседува 1 хектар овоштарник засаден со круши, добива земјоделски субвенции,  а стана и корисник на картичка за зелена нафта. Голубовски е задоволен од поддршката која ја добива од државата затоа што како што вели тој, многу ќе им помогне во земјоделското производство.

„ Многу добри мерки за помош на земјоделците дава оваа Влада, само треба да се знае како треба вистински да се работи со нив. Оваа мерка ја чекавме подолго време и сега јас лично сум задоволен што добив ваква картичка зашто за нас земјоделците секој денар кој ќе го добеме е добредојден“, вели Стоиле Голубовски.

Овој 74 годишен пензионер очекува оваа година да набере околу 5 тони круши, затоа што како што вели тој лани, поминал катастрофално затоа што ниските температури и измрзнувањето на овошките си го направиле своето.

 „ Малку плод за ниска цена,некаде во просек околу 30 денари за килограм, ја продавав на пазар и оние малку круши кои успеаа да го пребродат мразот. Крушите цветаат пред јаболката и затоа ризикот од пролетни мразеви е поопасен за овој вид овошје, во јуни и јули кога интензивно расте плодот, крушите бараат многу вода и тогаш мора многу да се внимава“, објаснува нашиот соговорник

Инаку, во двете општини Крива Паланка и Ранковце, вкупно 467 земјоделци имаат право на користење на мерката картички за зелена нафта. Се работи за картичка која може само лично да ја користи сопственикот, а на неа се испечатени името, презимето и датумот на раѓање. Корисниците на „зелената нафта“ за 2019 година овие бонови треба да ги искористат со завршувањето на пролетната сеидба во април 2020 година.

Како што информира раководителот на подрачната единица на МЗШВ Крива Паланка, Ивица Бојковски, досега се издадени 408 картички, а 59 се уште можат да ги подигнат во просториите на подрачната единица.

За оваа мерка од програмата за директни плаќања беа предвидени 200 милиони денари за 55.000 земјоделци, на сите бензински пумпи на „Макпетрол“, да купуваат зелена нафта за земјоделска механизација. Картичките имаат различна вредност, од 500 до 100.000 денари. Колку е вредна картичката зависи од големината на површините и видот на земјоделските култури, но покриени се сите земјоделци, и оние со најмали парцели од 0,2 хектара.

Целта на оваа мерка која се однесува на лозарството, овоштарството, поледелството и градинарството, е да се поттикнат производителите да го зголемат своето производство, како и да им се помогне тоа да биде поевтино, со помали трошоци.

Со оваа мерка се субвенционираат 30 % од трошоците за набавка на нафта, а зелената нафта земјоделците ја бараа повеќе од една деценија затоа и актуелната Влада на почетокот на својот мандат сериозно почна да се занимава со оваа проблематика.

Анализите во земјоделското производство велат дека најмногу гориво или 150 литри на хектар се трошат при обработка на овошните насади, за лозје и градинарски култури се користат 120 литри , додека 60 литри се употребуваат во поледелското производство .

Може да ви се допадне

Субвенции од 100% за набавка на ГОРИВО за земјоделска механизација
Со новиот Закон за земјоделство и рурален развој – 70% СУБВЕНЦИИ од висината на ПРЕМИЈАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој
Исплатени субвенции за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи
Исплатени СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН
Таг:зелена нафтаСтоиле ГолубовскиУспешен проект за зелена нафта
Претходен напис Земјоделците од Кумановско заинтересирани за мерките за поддршка на земјоделското производството
Следен напис „СЕМЕНАРСТВО“ со новитети и едукација во интерес на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?