Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здружението „Мрена” од Крива Паланка изврши порибување на Крива Река со шеесет килограми пастрмка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Здружението „Мрена” од Крива Паланка изврши порибување на Крива Река со шеесет килограми пастрмка
Агровести

Здружението „Мрена” од Крива Паланка изврши порибување на Крива Река со шеесет килограми пастрмка

Објавено 24/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението за спортско-рекреативен риболов „Мрена” од Крива Паланка вчера попладне изврши порибување на Крива Река со шеесет килограми пастрмка.

Порибувањето е извршено согласно годишниот план и договорот за концесија кои го имаат склучено со МЗШВ.

-Пастрмката е со големина од 70 грама а порибувањето се изврши на неколку локации на риболовниот ревир Крива Река 1- Кривопаланечки. И оваа година работиме на реализација на предвидената програма, заокружувајќи ја со порибување на две локации во риболовниот ревир „Крива Река 1″ и тоа: Крива Река и Дурачка Река. Согласно годишната програма за 2021 година на 29 овој месец е планирано порибување и со 100 килограми крап на браната Отошница – изјави Зоран Стоилковски, претседател на ЗСРК „Мрена” Крива Паланка.

Ова Спортско риболовно друштво постои повеќе од половина век и бележи успешни резултати во своето работење. Во моментов брои 270 членови. Во водите на Крива Река редовно се врши порибување со крап и пастрмка.

Инаку во октомври, на празникот на Крива Паланка, Здружението на спортски риболовци „Мрена“ организира сениорски републички куп натпревар во риболов на пливка „МРЕНА 2021“ .

На овој натпревар земаа учество 9 екипи, а се одржа на браната Отошница, кај Крива Паланка. За првите тројца најдобри организаторот обезбеди медали, пехари како и стокови награди.

Од ЗСРРК Мрена Крива Паланка известуваат дека ова е осма година по ред откако тие како концесионери на Крива Река 1 Кривопаланечки го организираат овој настан.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:крива паланкамренапорибување
Претходен напис Мониторингот покажа силно загадување на водите во Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро
Следен напис М-р Сандра Георгиевска, од волонтер до енолог во винаријата „Камник“: Ме фасцинира производството на белите вина, тие се како мали деца кои треба да се хранат и воспитуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?