Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мониторингот покажа силно загадување на водите во Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Мониторингот покажа силно загадување на водите во Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро
Шумарство и водостопанство

Мониторингот покажа силно загадување на водите во Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро

Објавено 24/12/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро се класифицираат во Класа 4, која се однесува на силно еутрофична, загадена вода, која во природна состојба може да се употребува за други намени само по одредена обработка. Ова го покажува мониторингот на квалитетот на водите од трите езера што оваа година го спроведе Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“.

Според микробиолошките анализи, во Дојранско и Тиквешко Eзеро се детектирани колиформни бактерии од фекално потекло, кои ги класифицираат езерата во Класа 3 и 4. Микробиолошко загадување од Класа 3 значи дека водите може да се употребуваат за наводнување, а по обработка и во индустријата на која не ѝ е потребна вода со квалитет за пиење, додека загадувањето од Класа 4 не дозволува оваа вода да се користи за рекреација. На локални фекални загадувања укажуваат и концентрациите на нитритите кои варираат во текот на пролетната и есенската сезона во сите три езера, па има повремена појава на концентрации во Класа 3-4. Нитритот е многу токсичен за рибите и целиот жив свет.

Работна позиција на HACH SD900 Дојранско и Тиквешко Езеро

Во Беровско и Тиквешко Езеро на есен значително се зголемуваат концентрациите на вкупниот фосфор и достигнуваат Класа 4. Ова укажува на можно загадување на водите во овие езера заради прекумерна употреба на ѓубрива во земјоделството, нетретирани комунални води и испуштања од фарми или пречистителни станици. Во Дојранско Езеро мерливи концентрации на вкупен фосфор не се детектирани.

Кога станува збор за растворени метали во водите, во Дојранско Езеро, концентрациите на бакар покажуваат пречекорувања во одредени проби во пролетните и есенските мерења и се категоризирани во Класа 3-4. Во есенските мерења е детектирано пречекорување и кај железото. Во Тиквешко Езеро на есен се јавуваат благо зголемени концентрации на олово и значително зголемени концентрации на кадмиум. Хроничната изложеност на кадмиум може да доведе до големи негативни ефекти врз водните организми и заради тоа треба да се извршат дополнителни истражувања за да утврди изворот на овој токсичен метал.

Ниво на Беровско Езеро за време на пролетен мониторинг
и есенски мониторинг

Според хемиската потрошувачка на кислород во водите, која исто така претставува показател за загаденоста на водите, Дојранско Eзеро достигнува Класа 3, додека водите од Тиквешко и Беровско Eзеро се класифицираат во Класа 2. Зголемената хемиската потрошувачка на кислород во Дојранско и Тиквешко Езеро е поради високи нивоа на растителна материја во распаѓање, а состојбата ја влошуваат комуналните и индустриски отпадни води, додека во Беровско Езеро на есен се должи на енормното намалување на нивото на водата во езерото.

Имајќи ги предвид индикациите на повремен висок степен на загаденост на водите во Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро, неопходни се дополнителни и континуирани анализи на сите показатели на квалитетот на езерските води, а пред сè на еутрофикацијата и кислородниот режим, кои ќе дадат појасна слика за можните извори на загадување и мерките за подобрување на квалитетот на водите во езерата.

Тиквешко Езеро – Кота: 239 м.н.в и Кота: 242,8 м.н.в

Мониторингот беше спроведен од април до ноември оваа година за да се утврди квалитетот на водата во Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро, кои се користат за различни намени – туризам и рекреација, наводнување и водоснабдување, и тоа во два периода од годината – на пролет кога се полнат со вода и на есен кога нивото на сите езера е на најниско ниво. Водите во овие езера се класифицирани според правилото дека најниската класа определена за одреден показател, како што се микробиолошкото загадување, нутриентите кои се параметри на еутрофикација и кислородниот режим, ја определува генералната класа на водното тело. Според намената и степенот на чистотата на водите, тие се распоредуваат во 5 класи, и тоа: Класа 1 – многу чиста, олиготрофична вода, Класа 2 – малку загадена, мезотрофична вода, Класа 3 – умерено еутрифична вода, Класа 4 – силно еутрофична, загадена вода, и Класа 5 – многу загадена, хипертрофична вода. Мониторингот и хемиските анализи ги изврши Лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“, а микробиолошките анализи беа направени во Центарот за јавно здравје – Штип.

Целосниот извештај од мониторингот на квалитетот на водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро можете да го преземете ТУКА.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:беровско езерогоце делчев штипразбистри сеТиквешко езеро
Претходен напис Времето денеска сончево со ниски утрински температури
Следен напис Здружението „Мрена” од Крива Паланка изврши порибување на Крива Река со шеесет килограми пастрмка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?