Уредникот на „Агробизнис магазин“ и експерт за земјоделство Горан Ѓаковиќ за РТС, вели дека земјоделците во Србија многу брзо се прилагодиле на бизнисот за време на епидемијата и дека следната година ќе им биде најдобра, затоа што ќе имаат најмногу средства за инвестиции. Горан Ѓаковиќ потсетува дека, на почетокот на епидемијата, во април, беше формирана електронска платформа на која регистрираните фарми можеа да ја дадат својата понуда.
„Бидејќи сум производител на јагоди, имам искуство дека продадовме сè што имавме оваа пролет, буквално од прагот. Ние би можеле да продаваме пет пати повеќе. Како што се развиваше ситуацијата, пазарот се релаксираше и проблемот со пласман на производот беше решен“, посочува Ѓаковиќ.
Тој смета дека земјоделските производители во Србија, денес ги пласираат своите производи доста солидно и лесно.
„Имаше проблеми со организацијата на производството. Производиелите мораа да добијат дозвола за движење. Кога станува збор за зеленчукот, проблемот беше во затворените пазари, но покасно сето тоа заживеа “, вели Ѓаковиќ.
Тој истакнува дека е многу добро што во овој период се граделе односите меѓу потрошувачите и производителите. Ги советува потрошувачите да се распрашуваат за добрите земјоделски производители и да воспостават директен контакт. Бербата на јаболка е во тек, а Горан Ѓаковиќ вели дека Србија извезува 80 проценти од своите јаболка во Русија.
„Тоа е добро, но не е добро да имате само еден клиент. Потребни ни се повеќе пазари. Сега го отвораме индискиот пазар. Првата количина јаболка веќе замина за Индија“, вели тој.
Нагласува дека Индија е голем светски производител на јаболка, но дека ги увезува, како што тоа го прави и Србија.
„Јаболката не можат да бидат свежи цела година. Можеме да ги чуваме од септември и октомври, кога ќе ги собереме, до април, но имаме период од април до јуни кога немаме јаболка. Не можеме да ги чуваме засекогаш “, објаснува тој.
Резултатите од извозот во Индија сè уште се чекаат, бидејќи јаболката се наоѓаат некаде на половина пат до својата дестинацијата.
„Минатата година имавме нешто пониска цена и повеќе проблеми со извозот во Русија, бидејќи побарувачката беше намалена. Оваа година ситуацијата е многу подобра, а цената е многу повисока. Се надеваме дека така и ќе остане “, изјави Ѓаковиќ.
За младите луѓе кои сакаат да се занимаваат со земјоделство, Горан Ѓаковиќ препорачува прво да изнајмат куќа на село, ако немаат своја.
„Живејте таму три, четири месеци, велат изедете со своето семејството килограм сол таму и видете дали сте за таков живот. Од деловни идеи, овоштарството е интересно – јаболка, но ако имате повеќе пари и боровинки. Ако имате малку време за работа, а вишок пари – тоа е лешник, ако воопшто немате време, тогаш орев“, советува Ѓаковоќ.
Тој посочува дека поледелството е наменето за оние кои имаат поголеми површини за производство, а градинарството покажало дека во последните пет години производството на пиперки и домати се исплати најмногу, додека пак лубениците и зелката најмалку.
Ѓаковиќ очекува следната година да биде најдобра за земјоделците во Србија, затоа што најмногу средства ќе има за инвестиции во земјоделството.
„Од Светска банка ни пристигнуваат 50 милиони долари. Некаде на пролет, тој проект треба да започне, каде што и малите и големите земјоделци ќе добиваат пари однапред. Тие ќе добијат 50 проценти од инвестицијата, неповратна и однапред, 40 проценти ќе ги финансира банката, а 10 е нивно учество. Мислам дека никогаш не било можно да се добијат поповолни услови“, велиГоран Ѓаковиќ.
Извор: Агропрес.рс
