Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Битола ќе го реконструира патот до потпелистерското селото Трново
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Битола ќе го реконструира патот до потпелистерското селото Трново
АгровестиРурален Развој

Општина Битола ќе го реконструира патот до потпелистерското селото Трново

Објавено 22/10/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во електронскиот систем за јавни набавки е објавен тендерот за избор на изведувач за реконструкција на локалниот пат до селото Трново. Проценетата вредност на овој проект е 24.700.000 денари.

Патот ќе се реконструира на потегот од раскрсницата за Ниже Поле, до откупната станица за млеко во селото Трново, односно до делницата до каде што е изработен колекторскиот систем за собирање на отпадните води од домаќинствата и туристичките објекти во селото. Должината на оваа делница е 2009 метри.

Во потегот кај селата Трново-Магарево веќе е изградена пречистителната станица во вредност од над 9.000.000 денари, а исто така изработен е колекторски систем во должина 2029 метри, чија вредност е 21.879.853 денари. Колекторскиот систем во следните фази ќе ги опфати останатите делови од селата Трново и Магарево.

„Со реконструкцијата на овој дел од патот се заокружува една етапа од вложувањето во овој дел од Потпелистерието, односно од заложбата на оваа локална самоуправа да се добие комплетно поинаква слика во однос на зголемувањето на квалитетот на животната средина. На тој начин во Потпелистерието се отвора потенцијал за уште поголем развој на туризмот“, велат од општина Битола.

МИА

Може да ви се допадне

На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Таг:Општина БитолапатреконструкцијаТрново
Претходен напис Зборот на експертите: Еве зошто 2021 година ќе биде најдобра за земјоделците во Србија
Следен напис Јосиф Јосифовски од Кравари десет години егзистенција обезбедува од производство на тикви за семки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?