Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши реконструкцијата на најголемиот зелен пазар во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заврши реконструкцијата на најголемиот зелен пазар во земјава
Агровести

Заврши реконструкцијата на најголемиот зелен пазар во земјава

Објавено 03/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најголемиот и најсовремен зелен пазар во државата – Бит-пазар со инвестиција од 250 милиони денари на „Скопски пазар” АД Скопје го доби својот нов модерен лик на 8.800 квадрати метри со 630 тезги, 175 локали и нов паркинг простор за 220 возила.

-Владата ги поддржува капиталните инвестиции посебно оние кои имаат трајна вредност и ги подобруваат условите за работа на нашиот народ, за граѓаните. Во таа насока упатувам честитки за современиот изглед на традиционалниот Бит-пазар позициониран на стратешка локација со излез на најфреквентниот пат кој ги поврзува општина Чаир со општина Центар, рече премиерот Зоран Заев на означувањето на крајот на реконструкцијата на пазарот.

Тој нагласи дека е евидентно дека деловниот простор е ефективно искористен со цел задоволување на потребите на купувачите и корисниците со обезбеден квалитетен паркинг простор со 220 места.

May be an image of road

-Со новиот изглед и зголемениот капацитет, реновираниот центар Бит-пазар прераснува во најголемиот пазар во државата, место каде што може да се најде сѐ на едно место – рече Заев и додаде дека на пазарџиите им е јасно што значи сега да бидат во покриен простор и да не бидат изложени на временски неприлики.

Посочи дека новите инвестиции од приватниот сектор како во случајот инвестицијата во „Скопски пазар” даваат дополнително позитивна слика за деловниот амбиент во државата, а општините, како што рече, се тука во континуитет да го подобруваат работењето севкупно за нови инвестиции, вложувања во локалниот економски развој.

-Нашата главна цел е зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот како на централно така и на локално ниво, рече Заев и потсети на бројни проекти што се реализирани во изминатите четири години.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бит пазарзаев
Претходен напис (Видео) Грижлив газда – Погледнете како овој фармер ги разгалува своите кози
Следен напис Цената на медот постојано расте, производителите на мед имаат свое оправдување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?