Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на медот постојано расте, производителите на мед имаат свое оправдување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на медот постојано расте, производителите на мед имаат свое оправдување
Агровести

Цената на медот постојано расте, производителите на мед имаат свое оправдување

Објавено 03/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од година во година цената на медот во државава е во континуиран пораст и се помалку граѓани можат да го набават во потребните количини и како што се движат цените, се чини ова слатко задоволство се помалку граѓани ќе го уживаат, бидејќи се претвори во вистински луксуз, вели загрижен жител на Кичево за МИА.

Потрошувачите се повеќе разочарани поради високите цени, бидејќи како што велат, платите и пензиите остануваат исти додека цените на медот се повисоки.

-Поради возраста болестите се гомилаат и повеќе од потребно е редовно да се консумира мед во помали количини или да се става во чај. Но кога ќе прашате колкава е цената на тегла мед, одма ќе ви се прејаде, бидејќи со овие пензии не можеме да купиме мед за проба, а камоли за редовно консумирање, вели Томе Велјаноски, пензионер.

Потрошувачите се гневни од се повисоките цени на медот која се движи од 500 до 700 денари за тегла од 600 грама, но производителите на мед имаат свое оправдување.

-Тој што не одгледувал пчели не знае какви се нашите проблеми. Изминатите неколку години повеќе пари потрошивме за лекарства и третман на пчелите отколку што заработивме, бидејќи количините на мед беа минимални, а нашите трошоци се поголеми. Затоа цената на медот мора да биде повисока, за и ние пчеларите нешто да заработиме – вели Миле Стојкоски пчелар.

Неговиот колега Владо Пејоски додава дека поради зголеменото загадување и глобалното затоплување, често се случува и угинување на пчелни семејства, што за нив е ненадоместлива загуба.

-Можеби на прв поглед се чини дека пчеларството е профитабилна гранка. Но јас ви тврдам дека оваа гранка е поврзана со многу ризици. Се повеќе пчелите се подложни на болести кои треба да се третираат со лекарства кои воопшто не се евтини. Поради зголеменото загадување и глобалното затоплување, често се случува и угинување на пчелни семејства што за нас е ненадоместлива загуба. Ние вистинските пчелари никогаш целиот мед не го земаме од сандаците, туку еден добар дел им го оставаме на пчелите за прихрана и за подобрување на отпорноста кон болести и затоа количините на медот за продажба се помали од она што се добива. Затоа медот мора да биде поскап, поготово оној што го произведуваат вистинските пчелари, без никакви примеси и хемикалии, нагласи пчеларот.

Граѓаните прогнозираат дека во иднина цената на тегла мед ќе достигне 1.000 денари.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Таг:медценацењна
Претходен напис Заврши реконструкцијата на најголемиот зелен пазар во земјава
Следен напис Заев и Николовски на увид во изградбата на биогасна електрана во Лозово: Приватната инвестиција која ќе обезбеди струја за 2.750 домаќинства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?