Египќанецот Ашраф Абдел-Бар одгледува стадо ретки кози хијази, а она што ја прави оваа „дружина од високото друштво“ единствена е начинот на кој тој ги одгледува.
Дека се грижи за нив со големо внимание и љубов, потврдува и фактот што ги пои со чаеви и други пијалаци, иако не е баш препорачливо на животните да им се даваат газирани пијалаци.

-Една од клучните работи за успех во одгледувањето кози и овци е ментално да ги стимулирате. Кога се одморни и психички и физички, даваат повеќе млеко – објаснува Ашар, кој почнал да одгледува кози за забава.
-Сѐ започна како хоби и прерасна во добар бизнис – вели тој.
Хијази козите потекнуваат од Саудиска Арабија и се многу скапи поради нивниот специфичен изглед. Имаат долг врат, необичен облик на главата, имаат убави бои.
Во видеото погледнете како нивниот газда се грижи за своите кози.
