Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заштита на пиперка од болести и штетници во ОРГАНСКО производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Заштита на пиперка од болести и штетници во ОРГАНСКО производство
Совети

Заштита на пиперка од болести и штетници во ОРГАНСКО производство

Објавено 03/12/2020
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во производството на пиперка, причинителите на болести и штетните инсекти може да предизвикаат големи економски загуби. Кога станува збор за органска заштита на оваа култура, изборот на средства за заштита кои се дозволени за примена во органското производство во поново време е значително зголемен. Притоа, за да се постигне оптимална ефикасност, потребна е превентивна примена, односно пред болеста да оствари инфекција или кога ќе се забележи првата појава на некој штетен инсект.  Од причинителите на болести кај пиперката од најголемо значење се причинителот на пламеница (Phytophtora capsici), причинителот на полегнување Pythium sp., причинителите на венење Fusarium sp. и Verticilium sp., пепелница (Leveillula taurica), црна дамкавост (Alternaria sp.), сиво гниење (Botrytis cinerea), и некои бактериски болести, а од штетните инсекти од најголемо значење се трипсот (Frankliniella occidentalis), памуковата совица (Helicoverpa armigera), белокрилката (Trialeurodes vaporariorum), лисните вошки (Myzus persicarae, Aphis gosypii) и копривно пајаче (Tetranychus urticae).

Сите препарати кои се спомнати во овој текст се регистрирани како производи за заштита на растенијата и се на анекс I листата, дозволени се за примена во органско производство и имаат органски сертификати.

За сузбивање на причинителот на пламеница на кореновиот врат на пиперката (Phytophtora capsici), причинителот на полегнување (Pythium sp.) и причинителите на венење на растенијата кои се предизвикани од Fusarium sp. и Verticillium sp. го препорачуваме биофунгицидот TALOCUPER.

TALOCUPER е фунгицид и бактерицид кој содржи 50% органски бакарен комплекс (Cupri-bis-ethoxy-dixydroxydimethyl-aminesulfate) и 5% хелатизиран бакар со агенси за пенетрација кои овозможуваат навлегување во коренот и листовите (трансламинарно движење). За сузбивање на болести на коренот најдобро е да се примени преку системот за наводнување во доза од 4 до 5 L/ha, или со залевање на растенијата, неколку пати во текот на вегетацијата од после расадување па до берба во интервал од 8 до 10 дена. За сузбивање на бактериски болести TALOCUPER се применува фолијарно во концентрација од 0,1 – 0,15 %. За иста намена може да се користи и FUNGURAN OH (бакар хидроксид 77%) кој е дозволен за примена во органско производство, а се применува во концентрација од 0,3 %.

За контрола на причинителот на пепелница, сиво гниење и црна дамкавост препорачуваме примена на еден од биофунгицидите VACCIPLANT, ACTIVANE, TIMOREX GOLD и VINTEC.

VACCIPLANT е биофунгицид кој ja содржи активна материја ламинарин, која е добиена од кафеавата алга Laminaria digitata. VACCIPLANT е ефикасен за сузбивање на пепелница, сиво гниење и бактериски болести кај пиперката. Се применува превентивно, со тоа што со негова примена може да се започне уште при производство на расад во концентрација од 0,2%. Може да се применува во текот на целата вегетација од после расадување на растенијата па се до берба во интервал од 7-10 дена.

АCTIVANE е биофунгицид кој содржи хитоолигосахариди 10 %, аминокиселини 6 %, органски јаглерод 25 %, органски азот 1,2 %, железо (Fe) 1%, цинк (Zn) 1 %, манган (Mn) 2 %, молибден (Mo) 1 %. ACTIVANE е нова генерација на фитовакцина, која се карактеризира со засилување на сигналите за одбрана на растението од патогени. Се применува во концентрација од 0,1%.

TIMOREX GOLD (масло од чајно дрво TTO) е биофунгицид кој содржи масло до чајното дрво Melaleuca alternifolia. Се одликува со превентивно и куративно дејство и делува на повеќе места во клетките на габите. Ефикасен е за сузбивање на пепелница, сиво гниење и бактериски болести.

VINTEC е бифунгицид кој ja содржи габата Trichoderma atroviridae сој SC1. Регистриран е за сузбивање на сиво гниење на плодовите. Се применува во доза од 200 gr/ha.

За контрола на штените инсекти препорачуваме примена на биоинсектицидите SPINTOR 240 SC, LIMOCIDE и ECOTHRIN.

SPINTOR 240 SC припаѓа на новата класа на инсектициди, наречени натуралити, и е добиен со ферментација на почвената бактерија Saccharopollyspora spinosa, а активната материја спиносад претставува мешавина од двата метаболити спинозин А и D. Eфикасен е за сузбивање на голем број штетни инсекти, а во пиперка се користи за сузбивање на трипс и гасеници на пеперутки. Се пременува во доза од 0,5 L/ha, и е дозволен за примена во органското производство.

LIMOCIDE е органски фунгицид, инсектицид и акарицид базиран на  масло од портокал (Orange oil). Делува на преку дехидрирање на инсектите и габичните болести. Во пиперка се користи за сузбивање на белокрилка, трипс, пајак и пепелница. Се применува во доза од 2 L/ha.

ECOTHRIN содржи пиретрин од природно потекло екстрахиран од растенија, високо концентриран во микрокапсулирана формулација. Ефикасен е за сузбивање на Тuta absoluta, лисни вошки, трипс и белокрилка. Се применува во доза од 90 ml/100 L вода.

За подобар развој на растенијата препорачуваме и примена на биостумулатори, и тоа: GOTEO, BM 86 и HIDROL 50, кои се дозволени за примена во органско производство и имаат органски сертификат.

GOTEO е биостимулатор кој содржи екстракт од морската алга Ascophylum nodosum, 13% фосфор и 5% калиум. GOTEO го потикнува развојот на кореновиот систем, го подобрува искористувањето на хранливите материи посебно во неповолни услови како на пример ниски температури и го регенерира кореновиот систем после стрес. Се применува во почетните стадиуми од развојот на растенијата преку системот за наводнување во доза од 10 L/ha, или фолијарно во доза од 1 L/ha.

BM 86 е биостимулатор кој содржи екстракти од морската алга Ascophylum nodosum , бор 2,03%, молибден 0,02%, магнезиум 4,8%, сулфур 9,6%. BМ 86 го подобрува заврзувањето на плодовите и бројот на плодови по растение, и ја активира синтезата на полиамини (хормони на цветање). Се применува фолијарно во доза од 3 L/ha. HIDROL 50 е биостимулатор кој содржи 30% хуминска киселина, 20% фулвинска киселина, железо 0,5%, манган 0,7%, молибден 0,02%, цинк 0,5%, бор 0,3%, слободни аминокиселини 2%. Наменет е за хумификација на почвата со што се зголемува плодноста на почвата, полскиот воден капацитет, растворливост со која се ослободуваат макро и микро елементи. Се применува во доза од 5 L/ha  со 5 до 6 апликации во една вегетациска сезона.

Предлог програма за органска заштита на пиперка

Подготвил: м-р Васко Манев

Може да ви се допадне

Пиперки полнети со урда
Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Регионален настан во Лозово за едукација и вмрежување на занаетчиите и граѓанските здруженија
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Таг:едукацијамеркипиперки
Претходен напис За селскиот туризам „нема зима“: атрактивна дестинација и за дочек на Нова година!
Следен напис Избрани лешникарите кои ќе добијат „ЕУ/БИО Свис“ сертификација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?