Селските домаќинства кои се занимаваат со туризам, претрпеа најмали штети оваа година. Во Србија, бројот на резервации во текот на овогодишната сезона, беше поголем, во однос на претходните години. Уште поинтересно е тоа што поединци веќе направиле резервации за сместување и за наредната година.

Владимир Ивановиќ, директор на Туристичката асоцијација во Србија „Љиг“ вели дека ова е специфична година за селскиот туризам. Кризата со пандемијата скоро целосно ги затвори градските хотели, згасна многу туристички агенции и ретко која гранка во земјодлеството настрадала како туризмот. – „Селскиот туризам како мал сегмент на туризмот годинава помина сосема поинаку, пред се, бидејќи отсекогаш оваа гранка била свртена кон домашните посетители. Само неколку дена во половината на март имаше дилема дали пандемијата предизвикана од корона вирусот ќе биде закана или шанса за селскиот туризам. Меѓутоа, уште за време на вонредната состојба беше јасно дека дека побарувачката ќе ја надмине понудата и така беше се до октомври“; истакнува Ивановиќ.

Според неговите зборови, во колубарскиот крај најмногу регистрирани објекти има на Дивчибари, Попучки, Лелиќ, Долен Таор и други. Во Општина Љиг традиционално со селски туризам се занимаваат традиционално.
Цените непроменети, во тек се резервации за зимскиот распуст

– „Од март до крајот на септември повеќето домаќинства беа целосно пополнети. Секое домаќинство имаше повеќе побарувања отколку сместувања, а веќе од крајот на летото почнаа резервациите за Нова година и зимскиот распуст, но тие резервации се за прв пат и од двете страни „полурезервации“ или „ ако биде ќе биде“, со обзир на неизвесниот тек на пандемијата. Карактеристично за оваа година беше тоа што , кога во август беше веќе се зафатено почнаа да се прават резервации за во август 2021 година. Би се рекло дека нема да има зима за селските домаќинства“, изјави Ивановиќ. Бидејќи веќе одмана гостите користат интернет за пребарување и за правење на резервации за сместување на село, лесно можат да се прегледаат коментарите и јасно може да се види задоволството од услугите добиени во селскиот туризам, обајснува Ивановиќ, напоменувајќи дека на посетителите кои и порано доаѓале на село треба да им се подготви нешто ново, а се нашол и по некој „ковид турист“ затекнат пред се со тишината и недостигот на врева и гласна музика, па имало и мало досадување…

„Цените на селските смесувачки домаќинствата во Србија останаа исти како и минатите години, а во некои објекти цените се исти со хотелски цени, бидејќи таму услугата и содржината се на исто ниво, а често пати дури и на повисоко ниво. На село имаме објекти каде покрај врвната домашна храна гостите имаат на располагање, базен, сауна, тениско игралиште….и често, четворица гости добиваат услуга од тројца домаќини“, заклучува Владимир Ивановиќ.
Извор: agromedia.rs
