Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започнува со изградба земјоделско-сточарскиот комплекс Голд Ланд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Започнува со изградба земјоделско-сточарскиот комплекс Голд Ланд
Агровест

Започнува со изградба земјоделско-сточарскиот комплекс Голд Ланд

Последна измена: 18/02/2020 18:23
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Во тек е одбележувањето на стартот на новиот земјоделско- сточарски комплекс Голд Ланд во прилепско. Ова е најнова инвестиција на групацијата „Везешари“.

,,Со проектираниот модел на Голд Ланд, е предвидено изградба на центар за откуп и складирање на зрнести култури. Оваа инвестиција не е насочена само кон задоволување на потребите на нашата компанија, туку е предвидено да прерасне во регионален центар, со што ќе овозможиме загарантиран пласман на земјоделците од регионот.”- наведе меѓу другото во своето обраќање сопственикот на ,,Весешари” Арбен Абдурахмани.

На свеченото започнување на инвестицијата присутни се премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за земјоделство и економија, амбасадори, агробизнисмени, голем број пријатели и гости на компанијата „Везешари“.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев за изградбата на сточарска фарма „Голд Ленд“, рече дека е придонес за локалниот економски развој на општина Прилеп и околината преку зголемување на бројот на вработени, промоција на локалната економија на домашниот и дел од пазарот во опкружувањето со доближување до највисоките светски стандарди за безбедно производство на храна, со исполнување на барањата на купувачите.

„Ова е најголемата ИПАРД инвестиција и среќен што денеска тоа може да го обзнаниме. Ова е многу суштествен инвестициски објект што ќе се гради за развој на гоење на говеда и на сточарството воопшто во државата, која во голема мерка говедското месо го обезбедува со увоз. Значајно е дека ќе се отворат нови работни места и ќе имаме конечно производство на говедско месо дома, во нашиот пазар и за нашите граѓани“, рече премиерот Заев и додаде дека оваа инвестиција исто така преставува симбиоза на големото пријателство помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна Германија, што во трговската размена преминува 4 милијарди евра.

Премиерот Заев истакна дека оваа инвестиција е пример како треба искуството и знаењата од странство да се донесат дома и прати порака до младите, да се вратат дома, бидејќи тука има услови за инвестиции, развој и за прогрес.

„Тоа го потврдува оваа компанија. Низ призмата на поддршката преку ИПАРД програмата и секаква институционална поддршка, покажуваме дека водиме грижа за рамномерниот регионален развој, локалниот економскиот развој и севкупниот економски развој на државата, која е сервис и ви се наоѓа за реализација на идеите“, заокружи премиерот Заев.  

Инвестицијата Голд Ланд директно ќе придонесе во развојот на гоењето на говеда и развојот на сточарството воопшто. Проектираниот концепт за гоење на телиња со оова најмодерно решение кое се користи во најразвиените сточарски земји во Европа, како што се Франција, Италија и Германија.

Во прво време од реализацијата на оваа ивестиција животните за тов ќе се набавуваат од некоја од евопските земји, за да во наредна фаза кога би се заокружил овој проект, се почне со одгледување на говеда по системот крава –теле, со што ќе се оформи и сопствено стадо на говеда за гоење.

Проектираниот капацитет на фармата и примената на најсовремените зоотехнички мерки ќе придонесат оваа фарма да прерасне во најголема фарма за гоење на млади бикови во земјата и во регионот. Проектираниот модел на фарма е најсовремен објект кој ги задоволува најстрогите Европски стандари за благосостојба при одгледување на фармски животни, при што телињата наменети за гоење ќе имаат избалансирана исхрана што рагантира постигање на посакуваните резултати за дневен прираст и квалитет на месото.

Може да ви се допадне

До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани 
Лозарите ги покриваат виновите лози за да ги заштитат од ниските температури
Трипуновски: Ќе ги забрзаме процесите за обештетување на посевите од измрзнување на повеќе култури како што се праска, кајсија, дуња, цреша и други
Претходен напис Времето денеска – 23.декември 2019
Следен напис Османи: Имаме историски успех во користењето ИПАРД
2 коментари 2 коментари

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?