Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Османи: Имаме историски успех во користењето ИПАРД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Османи: Имаме историски успех во користењето ИПАРД
Агровести

Османи: Имаме историски успех во користењето ИПАРД

Објавено 23/12/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален ИПА-координатор, денеска присуствуваше и се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба и опремување на сточарската фарма „Голд ленд“.

„Денешното поставување камен-темелник за изградба и опремување на сточарската фарма ‘Голд ленд’ со современа опрема по европски стандарди, претставува инвестиција вредна безмалку четири милиони евра, но и најголемата ИПАРД-поддршка за бизнис досега, во вредност од над еден милиони и 100 илјади евра неповратни средства“, истакна Османи посочувајќи дека оваа инвестиција претставува најдобар пример преку кој може да се видат европските перспективи од нашето приближување кон ЕУ.

Во продолжение вицепремиерот Османи како национален ИПА-координатор се осврна на инструментот ИПАРД 2, во рамките на кој на располагање за периодот 2014-2020 година стојат 60 милиони, во насока на директна подготовка на земјата и на земјоделскиот сектор за спроведување на европската земјоделска политика и фондовите при членство.

„Во овој период имаме историски успех во користење на ИПАРД-фондовите, и тоа преку: зголемување на бројот на апликации со секој повик, зголемување на бројот на склучени договори на сметка на бројот на одбиените договори, намалување на ризикот од губење на ИПАРД-средствата, но и преку подобрување на портфолиото на ИПАРД-платежната агенција“, додаде Османи не криејќи го задоволство од зголемената искористеност на овие средства.

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:бујар османиГолд лендИпардисториски успех за користење на ипард
Претходен напис Започнува со изградба земјоделско-сточарскиот комплекс Голд Ланд
Следен напис (ВИДЕО)Бабовски од Пелагонија: Земјоделци, подготвувајте ги документите за нов повик ИПАРД, мерка 1 инвестиција во материјални средства за земјоделските стопанства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?