Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започна поделбата на јуници, 164 од вкупно 496 јуници се поделени кај фармери низ цела Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Започна поделбата на јуници, 164 од вкупно 496 јуници се поделени кај фармери низ цела Македонија
Агровести

Започна поделбата на јуници, 164 од вкупно 496 јуници се поделени кај фармери низ цела Македонија

Последна измена: 13/03/2023 15:04
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Инвестицијата која беше најавена уште минатата година по повод 70 години Бимилк, започна со реализација веќе од февруари месец. Пристигнаа 164 од вкупно 496 јуници набавени од Битолска млекара и наменети за фармерите кооперанти на млекарата. Од нив, 98 се доставени до фармерите претходно, а уште 66 ќе бидат доставени денеска. Набавката на новите молзни грла е дел од инвестицијата од Бимилк во вредност од 1.2 милиони евра што компанијата ја прави заедно со своите кооперанти како поддршка на нивната одржливост. Целата инвестиција опфаќа набавка и поделба на 496 стелни јуници, 238 од расата Холштајн – Фризијан и 258 од расата Симентал – Флеквиe. Бимилк учествува со субвенционирање на најголем дел од вредноста на грлата, а за остатокот овозможува бескаматен кредит со рок на отплата од 5 години.

„Ова е исклучително корисен и потребен чекор, посебно во овие времиња кога зголемувањето и стандардизирањето на примарното млекопроизводство овозможува одржливост на целата млечна индустрија. Исто така е влог во идниот развој на млечната индустрија во земјава, затоа што освен зголемената продуктивност, уште внесува квалитетен генетски материјал за постоечките грла. Со оваа инвестиција ја продолжуваме нашата поддршка за фармерите – примарните млекопроизводители и нашиот придонес кон снабденоста со млеко и млечни производи на домашниот пазар“, истакнува генералниот директор на Млекара АД Битола Ѓорги Петрушев.
Станува збор за високо стелни јуници по потекло од Унгарија и Чешка од расите Холштајн – Фризијан и Симентал – Флеквиe, чија генетска продуктивност на годишно ниво се движи од 6 000 до 8 000 литри млеко, што претставува значајно отскокнување од сегашниот принос на млеко.
Преостанатите јуници ќе бидат распределени дополнително на фармери кооперанти од сите региони во државата.
Инвестицијата на Битолска млекара во снабдување со стелни јуници за македонските фармери е само продолжување на посветеноста на компанијата кон зајакнување на одржливоста на млечната индустрија во земјава преку модернизација и зголемување на капацитетите и продуктивноста на примарните млекопроизводители. Само изминатиот период Битолска млекара за своите фармери донираше лактофризери како дел од двата роботи за измолзување, со што значајно се зголемува продуктивноста и квалитетот на млекото. Поддршката од Битолска млекара освен во современа опрема и технологија доаѓа и во форма на едукација на фармерите, поддршка при набавка на сточна храна, механизација и опрема, како и иницирање стимулативни мерки за развој на сточарството.

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:bimilkbitolska mlekara
Претходен напис Европската комисија бара од Србија да ги повлече увозните такси на млекото
Следен напис Садење боровинки – По длабокото орање, почвата да се иситни со фреза за кореновиот систем да може лесно да се развие во сите правци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?