Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската комисија бара од Србија да ги повлече увозните такси на млекото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европската комисија бара од Србија да ги повлече увозните такси на млекото
Агровести

Европската комисија бара од Србија да ги повлече увозните такси на млекото

Објавено 13/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија бара Србија да ги повлече воведените прелевмани за увоз на млеко и млечни производи, се вели во писмото упатено до премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, потврдено е за N1 од Европската комисија.

Како што пишува N1, Европската комисија испратила писмо до Ана Брнабиќ во кое изразила загриженост за различни трговски ограничувања кои Србија ги воведе во последните месеци, вклучувајќи ги неодамна воведените прелевмани – увозни такси – за млеко и млечни производи.

Имено, Србија не се консултирала со ЕУ пред да ги воведе прелевманите, па Европската комисија повикува на повлекување на тие рестриктивни мерки. „Србија не ги исполни своите обврски од Спогодбата за стабилизација и придружување со ЕУ, бидејќи не ја консултираше ЕУ пред воведувањето на тие мерки и не даде задоволително оправдување за нивното воведување“, потврдиле од Европската комисија.

Србија воведува увозна такса за млеко и млечни производи за да го заштити домашното производство

Во писмото Србија се повикува да ги повлече воведените мерки и се укажува дека неоправдано се воведени нови трговски ограничувања се кршење на условите од Регулативата 1215/2009 и изменетата Регулатива 2020/2172. Владата на Србија на 17 февруари донесе одлука за воведување прелевман од 15 динари за литар млеко и 30 динари за килограм за седум видови сирења – ементалер, чедар, едам, тилсит, качкаваљ, масдам и гауда.

Земјоделците позитивно реагираа на воведувањето увозни такси кога станува збор за млекото, но сепак бараат воведување значително повисоки прелевмани за кашкавалот и тврдите сирења – десет пати повисоки од постоечките.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еумлекопрелевмансрбијатакса
Претходен напис Дизелот поевтинува за еден денар, бензините поскапуваат
Следен напис Започна поделбата на јуници, 164 од вкупно 496 јуници се поделени кај фармери низ цела Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?