Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Закон за забрана на нефер трговски практики – 30-тина компании казнети, дали ќе има глоба ќе одлучи Судот!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Закон за забрана на нефер трговски практики – 30-тина компании казнети, дали ќе има глоба ќе одлучи Судот!
Агровест

Закон за забрана на нефер трговски практики – 30-тина компании казнети, дали ќе има глоба ќе одлучи Судот!

Објавено 17/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управниот суд решава дали 30 – тина компании ќе треба да платат глоба затоа што не го почитувале Законот за спречување нефер трговски практики. Толку казни изрекла Комисијата за заштита на конкуренцијата, но овие решенија се оспорени пред надлежниот суд. Според заменик министерот за економија Марјан Ристески, се повеќе компании пријавуваат дека трговците го кршат Законот, со што нереално се зголемуваат крајните цени во маркерите, а ги плаќаатграѓаните.

„Во овој период имаме многу повеќе пријави од страна на добавувачите кои што многу повеќе се охрабрени отколку од почетокот кога почна и стартуваше Законот за нефер трговски практики. Очекувам дека во иднина ќе имаме уште повеќе вакви храбри добавувачи кои што навистина се уценети од некои од трговците.“, рече Ристески.

Во случај да бидат потврдени казните од страна на Управниот суд, компаниите максимумот што ќе го платат ќе биде 20.000 евра, во денарска противвредност. Затоа, од наредната година ќе има законски измени каде што оваа глоба ќе се зголеми за 10 пати односно на 200.000 евра. Инаку, во моментов се очекува и одлуката на Антимонополска за четирите компании кои преку Сојузот на стопански комори картелски се здружија. Новиот претседател на оваа Комора, вели дека тие веќе ја платиле помалата казна од две илјади евра и ја чекаат големата казна заедно со четирите фирми, при што истакна дека ова незаконско работење беше причина за смена на претходното раководство.

„Тоа е дел од причината поради која што имаше расчистување во нашата Комора, односно поради која што сум јас тука веќе скоро два месецнов претседател на Сојузот на стопански комори.“, вели Горан Ѓорѓиевски.

Заменик министерот Ристески, им порача на маркетите да работата законски и да не се обидуваат да ги подигнат цените пред новогодишните празници. Нови мерки за ограничување на маржите и на цените нема да има, но ќе ги контролира Државниот пазарен инспекторат.

„Оваа година имаат направено рекордни над 20.000 инспекциски надзори во сите субјекти на целата територија на Република Македонија…“, вели Ристески.

Од казните Пазарна наплатила 2,5 милини евра и тоа за непочитување на законите во нивна надлежност, но и поради непазарно однесување на одредени трговци и маркети кои си ги дигале цените по свое, а не според законите.

Извор – 21ТВ

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:казниМарјан Ристескитрговци
Претходен напис Серафимовски присуствуваше во Будимпешта на Петтата сесија на македонско–унгарската економска соработка
Следен напис Даниела Иротова-Лазарева е новата директорка на Платежната агенција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?