Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Загадениот возух, сушите и топлотните бранови – главна закана на децата во Северна Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Загадениот возух, сушите и топлотните бранови – главна закана на децата во Северна Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ
Агровести

Загадениот возух, сушите и топлотните бранови – главна закана на децата во Северна Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ

Објавено 16/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Децата во Северна Македонија се сè поизложени на повеќе климатски закани истовремено. Мнозинството од нив се погодени од топлотни бранови, суши и загаден воздух, според новиот глобален извештај на УНИЦЕФ, се наведува во денешното соопштение.

– Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 година открива дека заканите што доаѓаат од климатските промени се широко распространети во Северна Македонија и веќе влијаат врз здравјето, развојот и благосостојбата на децата. Околу три четвртини од нив се засегнати од суши – 73 проценти, речиси девет од десет деца се изложени на топлотни бранови – 87 проценти и речиси сите деца – 99,9 проценти, се изложени на штетно загадување на воздухот – се истакнува во соопштението.

Според Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ, децата во Северна Македонија растат во клима што се менува, каде што екстремната топлина, сушите и загадениот воздух, за жал, се дел од секојдневниот живот.

– Земјата има воведено важни мерки за заштита на децата, но, климатските притисоци растат и нивното штетно влијание врз детското здравје, образование и благосостојба треба итно да се намали – се нагласува во пишаната изјава.

Во извештајот се истакнува дека поголемиот дел деца во Северна Македонија се изложени на повеќе климатски закани истовремено, со што се зголемува ризикот од повеќекратна штета по нивното здравје, учење и целокупен развој.

И покрај напорите за намалување на ранливоста на децата, како што се наведува, во системот и понатаму има недостатоци, особено во опфатот со социјална заштита, па така децата од најзагрозените семејства се во најголем ризик од климатски шокови.

УНИЦЕФ повикува на итна климатска акција во Северна Македонија што ќе се фокусира на децата, бидејќи децата се несразмерно поранливи на климатски ризици и затоа мора да им се даде приоритет во политиките за справување со климатските промени.

– Потребни се континуирани активности за дополнително да се намалат штетните емисии и да се реши загадувањето на воздухот, да се зајакнат здравствените, образовните и системите за социјална заштита и нивната отпорност на климатски шокови, а децата и младите да се охрабрат и да се подготват за учество во решавањето на климатската криза и во процесите на донесување одлуки што ја обликуваат нивната иднина – се додава во соопштението.

Според Милер, заштитата на децата од климатските ризици е итна потреба, но и можност.

– Со инвестирање во квалитетни услуги денес, Северна Македонија ќе ги заштити правата на децата и ќе изгради поодржлива иднина за сите – пишува во соопштението на УНИЦЕФ.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
Уште една потврда на светскиот квалитет на вината на „Тиквеш”: 21 нова меѓународна награда
На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Гиулекас: Поставуваме модуларни контролни пунктови на Евзони за да се скрати времето на чекање
Инстант – плаќањата во фокусот, дводневна работилница на Народната банка со платежната заедница
Таг:децатаЗагадениот возухзаканасушитеУНИЦЕФ
Претходен напис Уште една потврда на светскиот квалитет на вината на „Тиквеш”: 21 нова меѓународна награда
Следен напис АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?