Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Реализација на проектите од ЕУ обезбедуваат долгорочно економско закрепнување на регионот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Заев: Реализација на проектите од ЕУ обезбедуваат долгорочно економско закрепнување на регионот
Агровест

Заев: Реализација на проектите од ЕУ обезбедуваат долгорочно економско закрепнување на регионот

Објавено 10/06/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан го поддржува долгорочното економско закрепнување на регионот, истовремено поттикнувајќи регионална интеграција. Имплементацијата на Планот ќе ја стимулира економската активност, ќе ги зголеми инвестициите и на јавниот и на приватниот сектор, ќе ги зајакне конкурентноста и иновациите, особено на малите и средни компании, истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана.

На Самитот, со кој претседава премиерот на Албанија Еди Рама и на кој учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и премиерите на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, премиерот Заев рече дека Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан има силен потенцијал за поддршка на главните патни и железнички врски во регионот.

-Нашата волја е поттикнување на развојот на капацитетите со обновлива енергија и премин од јаглен кон обновливи енергенси, зголемување на енергетската ефикасност, намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување на инфраструктурата за управување со отпадни води. За време на овие предизвикувачки периоди, сите земји од регионот работат заедно во воспоставувањето на Заедничкиот регионален пазар, посочи Заев.

Тој додаде дека тоа е успешен модел за мотивација на регионот да започне нови регионални иницијативи насочени кон приближување на Западен Балкан до внатрешниот пазар на ЕУ.

Нагласи дека дигитализацијата има централна улога во модернизацијата на економиите, понатамошната интеграција на дигиталната економија на Западен Балкан кон единствениот дигитален пазар на ЕУ, правејќи го регионот попривлечна инвестициска област.

-Тесното усогласување на регулативите на Западен Балкан со основните принципи кои го регулираат внатрешниот пазар на ЕУ, заснован на пристапот на четирите слободи преку договорите за меѓусебно признавање, ќе ги развие можностите за вработување, бидејќи либерализацијата на трговијата, протокот на капитал и мобилноста ќе доведат до проширување на пазарот. Економскиот и инвестицискиот план ќе ја зголеми привлечноста на регионот за странските инвеститори и ќе овозможи поголем прилив на инвестиции, подвлече Заев.

Тој додаде дека заедно со регионалното усогласување на политиките за инвестиции и подобро координираната промоција за инвестициските можности, се создава значителен потенцијал за економиите од Западен Балкан да ја зголемат својата привлечност за странски директни инвестиции.

-Со имплементација на Заедничкиот регионален пазар создаваме подобри работни места, одличен избор по пониски цени за патување, студирање, работа и деловно работење во регионот полесно без бариери. Со интегриран пазар донесуваме дополнителен раст на БДП во регионот затоа што заедно сме посилни, што го прави Западен Балкан попривлечен, поконкурентен и поблизу до пазарите на ЕУ, заклучи премиерот Заев.

На Самитот се дискутираше за конкретните чекори кои постојаната соработка на земјите од Западен Балкан ќе ги донесе до завршница преку спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар, како што се патување во регионот со лични карти, олеснување на трговијата со прехранбени производи и индустриски добра преку договори за заемно признавање, зголемување на можностите за професионалци за работа и студенти за студирање низ целиот регион, пониски трошоци за регионални плаќања, развој на регионален дигитален пазар и гранични премини со заеднички контроли и проширување на иницијативата за зелени ленти за намалување на времето на чекање на границите

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Самит Македонија2026: Помошта од дијаспората не е само со пари
Германско-македонски бизнис самит
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Таг:самиттирана
Претходен напис Од 1 јули роамингот со неколку земји конечно станува минато
Следен напис (ВИДЕО) Хоџа: Со ребалансот се издвоени огромни средства за земјоделство и рурален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?