Владата го усвои ребалансот на буџетот со кој се планирани повеќе капитални инвестиции и поддршка за стопанството.
Во делот на земјоделството, министерот Арјанит Хоџа во изјава за Агротим, вели дека се издвоени огромни средства кои ќе бидат наменети за директна исплата на субвенции и за рурален развој.
„Предлог ребаланс на буџетот за 2021 година веќе се усвои во Владата и реално ние за делот за земјоделството и руралниот развој издвоивме огромни средства за да може да се исплатат сите останати субвенции, но и нови мерки што се предвидени во програмата. Како директни плаќања дополнителни средства се додадени во делот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, околу 3 милијарди денари, а дополнителни над 500 милиони се додадени во делот на рурален развој. Со ова уште еднаш ја покажуваме нашата заложба дека навистина земјоделството, руралниот равој ни се примарни, приоритетни, и за Владата и за Министерството и за целата држава и очекуваме дека резултатите од овие мерки што се преземаат, после ребалансот на буџетот ќе донесат и дополнителни успеси во делот на самиот сектор, односно во земјоделството и руралниот развој“, рече Хоџа.
