Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Инвестицискиот план за Западен Балкан ќе создаде одржлив раст и нови работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Инвестицискиот план за Западен Балкан ќе создаде одржлив раст и нови работни места
Агровести

Заев: Инвестицискиот план за Западен Балкан ќе создаде одржлив раст и нови работни места

Објавено 20/05/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Зоран Заев традиционално и годинава се обрати на Виенскиот Економски Форум, посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, со кој е предвидено финансирање до 9 милијарди евра за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција.

На Виенскиот Економски Форум воведни обраќања има и Оливер Вархеји, еврокомесар за соседска политика и проширување на ЕУ, Јанез Јанша, претседател на Владата на Република Словенија, Томас Арнолдер, извршен директор на Групацијата А1 Телеком Австрија, домаќин на овој настан на Виенскиот економски форум како и Петар Умундум, претседател на Виенскиот економски форум.

Премиерот Заев истакна дека Виенскиот Економски Форум исклучително успешно ја остварува својата мисија да биде точка за унапредување на регионалната економска соработка на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа. Тој додаде дека Владата со поддршка на сите чинители во општеството како и со меѓународните финансиски институции креираше мерки за ублажување на ефектите од пандемијата со план за раст на економијата на среден и долг рок.

„Посебно внимание посветивме на креирање амбиент за полесно надминување на економските последици од коронавирусот и спроведување на брза излезна стратегија за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија. Во Република Северна Македонија на почетокот на оваа година се утврдени охрабрувачки трендови кои се резултат на шест пакети економски мерки во текот на изминатите 12 месеци. За тоа говорат и буџетските приходи кои се повисоки во однос на преткризниот период: 4,4% е растот на вкупните приходи, 5% е растот на даноците и придонесите. Сите пакети на антикризни мерки за поддршка на економијата во својот фокус ги имаа граѓаните, нивните работни места, социјалната сигурност и солидарност“, рече Заев кој заедно со премиерот Јанша е патрон на Виенскиот економски форум.

Премиерот Заев подвлече дека расте извозот, индустриското производство, трговијата. Дополнително регистриран е раст во сферата на кредитирањето на бизнисите и граѓаните, како и на просечната нето-плата.

„Проектираме раст од 4,1 отсто, со очекувања извозот да забележи раст од 14 отсто, бруто-инвестициите раст од 7,7 отсто, приватната потрошувачка реален раст од 3,5 отсто, јавната потрошувачка од 4,3 отсто, додека бројот на вработени е проектирано да порасне за 1,9 отсто, а невработеноста да се намали соодветно на тоа. Подготвивме нов План за финансирање на забрзан раст (Growth Acceleration Financing Plan) како стратешки документ на Владата, кој има за цел преку изнаоѓање нови механизми и извори на финансирање да го поттикне економскиот раст, но и да влијае на фискалната консолидација, односно стеснување на дефицитот и стабилизирање на јавниот долг“, рече Заев и додаде дека овој план е во согласност со приоритетните проекти и ги дефинираат националните приоритети за капитални инвестиции во наредните 4-5 години, истиот е комплементарен на можностите што ги нуди Економски и инвестициски план за Западен Балкан на Европската Комисија.

Премиерот Заев потсети дека на самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Софија, Северна Македонија се приклучи на потпишувањето на две важни политички декларации што ќе го забрзаат идниот економски раст.

„Првиот е за спроведување на Заеднички регионален пазар меѓу шесте земји од Западен Балкан, додека вториот е за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан, подготвен од Европската комисија. Двата процеса ќе доведат до понатамошно зајакнување на регионалната економска интеграција, што дополнително ќе го забрза економскиот раст на Северна Македонија. Заедно со Економскиот инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, кој издвојува до 9 милијарди евра за целиот регион во следните неколку години, ќе создадеме солидна основа за идните перспективи на регионот. Јас сум оптимист дека инвестициите во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција ќе создадат одржлив раст и работни места“, потенцира Заев.

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, досега се финансирани 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарди евра грантови и заеми во Република Северна Македонија. Европскиот инвестициски план за Западен Балкан, се очекува да даде ново, силно и позитивно влијание врз економското закрепнување на регионот, да поддржи зелена и дигитална транзиција. Премиерот подвлече дека националните институции веќе работат со голема посветеност на процесот на планирање на предвидените проекти кои ги исполнуваат критериумите да бидат поддржани со цел ефикасно да бидат искористени средствата предвидени од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виенски форумзаев
Претходен напис Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд
Следен напис Климатски промени – На Антарктикот забележан најголемиот леден брег на светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?