Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Духот на Договорот од Преспа е симболика за трипартитна соработка и почеток на проекти за развој на туризмот, инфраструктурата и заштитата на културното наследство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Духот на Договорот од Преспа е симболика за трипартитна соработка и почеток на проекти за развој на туризмот, инфраструктурата и заштитата на културното наследство
Агровести

Заев: Духот на Договорот од Преспа е симболика за трипартитна соработка и почеток на проекти за развој на туризмот, инфраструктурата и заштитата на културното наследство

Објавено 06/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчера се одржа првиот состанок на Координативното тело за поддршка и одржлив развој на Преспанскиот Регион, со што започнува процесот на засилена реализација на проектите кои се планирани во овој регион.

Премиерот Заев ги повика и охрабри сите членови на координативното тело да ги поддржуваат сите проекти од национално, како и од меѓународно значење за регионот, да ги гледаат и од перспективата на Договорот од Преспа, со кој се премостени речиси три-децениските разлики со Грција и се обезбедени перспективите на Северна Македонија во евроатлантските и европските интеграции.

Меѓуресорското координативно тело, кое е составено од претседател и 13 членови, активно соработува со Делегацијата на Европската Комисија во Скопје, како и со другите државни институции и локалната самоуправа на Ресен за поттик на социо-економскиот развој на Преспанскиот Регион со особено внимание за создавање можности за урбаните и руралните области на Преспа.

Премиерот Заев исто така истакна дека тоа се двете главни придобивки, кои произлегоа од историскиот договор и тоа: нашиот заштитен идентитет во рамките на меѓународното право да се идентификуваме како Македонци, кои зборуваат македонски јазик и се потврдија нашата култура и културно наследство.

„Дополнително, духот на Договорот од Преспа е инспирација и за други прашања што ги поврзуваат народите во овој регион и во Европа, со единствена и заедничка цел – зајакнување на добрососедските односи, согласно европските вредности и меѓународното право, а со тоа и заедничката иднина на генерациите за чии перспективи сме одговорни ние“, рече Заев и посочи дека од особена важност е и проектот „Мултимедијален центар за младите и заедниците“. Центарот, соодветно на самата симболика на Преспа ќе биде место каде што во иднина ќе се организира Меѓународниот форум за дијалог и соработка – Преспа Форум за дијалог, за кој, подвлече премиерот Заев треба да се вложат сите напори за да добие идентитет и бренд, кој ќе биде врзан за Северна Македонија како држава креатор на нова политика која за своја перспектива го има креирањето иднина базирана на соработка, разбирање и дијалог.

Премиерот Заев како исклучително значајни ги посочи и фокусирањата кон промоцијата на огромните потенцијали за развој на туризмот, како можност за афирмација и дејност на локалното население, како и имплементација на мерките што треба да се преземат за надминување на актуелната состојба со водите на Преспанското езеро и динамизирање на проектот за комплетна заштита на Преспанското езеро поддржан од Европската Унија, инициран од трите земји, Северна Македонија, Грција и Албанија.

„Нека зрачи Преспа со решенија за мир. Оваа визија е споделена со нашите пријатели и партнери од Албанија и Грција, од централната власт и локалната самоуправа на нашите соседи, со што ги потврдиме вредностите што произлегоа од модерните и демократски начини на решавање на проблемите и кои наидоа на целосна поддршка и одобрување од страна на ЕУ и пошироко“, подвлече Заев.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:догворо Преспа
Претходен напис Цинија – Најкорисното цвеќе во градината, засадeте го покрај зеленчукот
Следен напис Пазар на репка: Невидена побарувачка по рекордно високи цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?