Со повеќе активности, конкурси и јавни повици, Здружението за локален рурален развој „Валандер” од Валандово го најави второто издание на „Фестивал на калинката” кое треба да се одржи на 17 овој месец.
Од Здружението информираат дека во тек е огласот за пријавување на натпревар во приготвување производ од калинка, за кој, како што велат, може да се пријават сите креативни граѓани и да го покажат својот кулинарски рецепт и идеја, а за најдобрите е предвидена награда. До 15 октомври ќе трае и конкурсот за избор на најголема и најубава калинка, на кој за учество се повикуваат валандовските одгледувачи на калинки.
Во рамки на фестивалот, градската библиотека “Гоце Делчев” организираше конкурс за основците и средношколците, како и за сите заинтересирани граѓани од било која возраст кои сакаат да учествуваат со своја песна, цртеж или рачна изработка на тема “Калинката – бисери скриени во црвена круна”. Според најавите од библиотеката за најдобрите творби наградите ќе бидат доделени во текот на месецот на книгата, односно од 15 октомври до 15 ноември.
Здружение за локален рурален развој „Валандер”
