Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО: Светските цени на храната пораснаа трет месец по ред
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО: Светските цени на храната пораснаа трет месец по ред
Агровести

ФАО: Светските цени на храната пораснаа трет месец по ред

Објавено 02/10/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светските цени на храната во септември пораснаа трет месец по ред и сега се на највисоко ниво од ноември 2022 година, а посебно поскапеа житариците, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

ФАО индексот на цените на храната (FFPI), кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, изнесуваше 136 поени во септември, што претставува пораст од 1,5 проценти во однос на август.

Вредноста на индексот на цените на житариците порасна за 5,1 процент во однос на август, на 122,8 поени, што е за 17,2 проценти повеќе отколку пред една година.

Цената на пченицата порасна за 6,3 проценти и го достигна највисокото ниво од август 2023 година, пред сè поради логистичките проблеми во регионот на Црното Море, поради кои увозниците ја пренасочуваа набавката кон други извори.

Пченката поскапе за 5,6 проценти на месечно ниво, цените на сиракот пораснаа за 13,7 проценти, а на јачменот за 3,9 проценти, додека индексот на цените на оризот е зголемен за 1,4 проценти.

Индексот на цените на растителните масла порасна за 0,9 проценти, на 198,6 поени, што е за 18,3 проценти повеќе отколку во септември 2025 година.

Растот главно е последица на повисоките цени на палминото масло, кои се зголемени четврти месец по ред поради силната глобална побарувачка и загриженоста за производството во Југоисточна Азија поради сувото време.

Вредноста на индексот на цените на шеќерот е зголемена за 6,1 процент во однос на август и за 14,7 проценти на годишно ниво, на 114 поени.

Станува збор за трет последователен месечен раст, поврзан со очекувањата дека глобалната понуда на шеќер во сезоната 2026/27 ќе биде помала.

Вредноста на индексот на цените на месото падна за 1,1 процент, додека цените на млечните производи останаа речиси непроменети, со пад од 0,1 процент.

Индексот на цените на месото така остана на нивото од пред една година, додека цените на млечните производи беа за 19,1 процент пониски отколку во септември 2025 година.

Вредноста на FFPI е повисока за 5,8 проценти во однос на септември 2025, но пониска за 15,1 процент во однос на рекордните вредности забележани во март 2022 година, се додава во извештајот на веб-страницата на ФАО.

МИА

Може да ви се допадне

Заедничка иницијатива на Грција, Македонија и Албанија со поддршка од ЕУ за впишување на Преспанското езеро на Листата на УНЕСКО
Конкурси за најголема калинка и за најдобар рецепт од калинки во пресрет на вториот „Фестивал на калинката” во Валандово
Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
„Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“ – петти Фестивал на биодиверзитет во Скопје
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:пораснааСветските ценифаохраната
Претходен напис Заедничка иницијатива на Грција, Македонија и Албанија со поддршка од ЕУ за впишување на Преспанското езеро на Листата на УНЕСКО
Следен напис Сончево време за викендот, од понеделник променлива облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?