Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Забрчанец: Наскоро идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“ со кој ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од тие три земји
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Забрчанец: Наскоро идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“ со кој ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од тие три земји
Агровести

Забрчанец: Наскоро идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“ со кој ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од тие три земји

Објавено 26/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Координаторот на „Отворен Балкан” во Владата, Марјан Забрчанец, за белградска „Политика” најавува дека наскоро ќе се активира идентификациски број за граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија, благодарение на што ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од тие три земји.

– Многу наскоро ќе се активира идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан” (ОБ ИД број), благодарение на што тие ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од овие три земји, без нострификација на дипломите, чекање на работни дозволи и какви било други административни бариери, изјави Забрчанец за „Политика”.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој додаде и дека во завршна фаза се подготовките за воспоставување единствен електронски систем за наплата на патарините во сите три земји.

– Пред нас е тешка зима на енергетски и економски план, затоа „Отворен Балкан” е мобилизиран на ниво на кризни работни групи за да се погрижи секоја од трите земји лесно да ги помине студените денови, врли Забрчанец.

Тој посочува дека односите меѓу Србија и Албанија се најдобри досега, како и односите меѓу Северна Македонија и Албанија.

Според него, направен е значаен исчекор со формирањето на работна група чија цел е формирање на заедничка агенција за инвестиции „Отворен Балкан”, која ги имала првите средби за време на Меѓународниот саем за вино што неодамна се одржа во Белград.

Забрчанец вели дека е започнат процесот на создавање заедничко инвестициско портфолио како пазар од над 12 милиони граѓани со сиот човечки, економски и природен потенцијал што го поседуваат државите заедно.

– Целта е јасна, да се понудиме на големите инвеститори од САД, како и да ги привлечеме ЕУ и светот како регион каде што можат да ги прошират своите деловни потфати, додава Забрчанец.

Според него, „Отворен Балкан” има јасна политичка цел, а тоа е секоја од земјите од Западен Балкан да стане членка на ЕУ и оваа иницијатива е пред се европска и не може да биде замена за ЕУ.

Тој посочи дека „Отворен Балкан” носи конкретни резултати, опипливи придобивки за компаниите и граѓаните, олеснето движење, бизнис, помош меѓу земјите во услови на енергетска криза и криза со храна, како и помош во случај на природни катастрофи, без притоа во исто време да се попречува секоја друга иницијатива.

Може да ви се допадне

Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Таг:забрчанецотворен балкан
Претходен напис Ги чуваат јаболката во планински тунели – заштедуваат повеќе од 30 проценти струја
Следен напис Оранжериското производство во Европа на удар на енергетската криза – Земјоделците предупредуваат на пад на производството и скок на цените
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?