Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ги чуваат јаболката во планински тунели – заштедуваат повеќе од 30 проценти струја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Ги чуваат јаболката во планински тунели – заштедуваат повеќе од 30 проценти струја
Растително производство

Ги чуваат јаболката во планински тунели – заштедуваат повеќе од 30 проценти струја

Објавено 26/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За да ги намалат сметките за енергија, италијанските производители на јаболка дошле до идеја да користат тунели, еден вид пештери, како природни ладилници, пренесува Дејли Стар.

Триста метри под нивните овоштарници во Предаја, мал град во регионот Трентино, Италија, групацијата Мелинда создала 34 области за ладење во огромните карпести пештери под падините на планината. Тие можат да складираат до 13 отсто од својот род и на тој начин да ги намалат трошоците за енергија.

Заштедиле повеќе од 30 проценти струја

Јаболката остануваат во контролирани услови на константна температура во текот на целата година. Плодовите се чуваат во пластични кутии наредени во неколку редови.

Фото/Facebook

Мауро Ерлихер, менаџер на оваа фабрика рече дека лани заштедиле 32 отсто од потрошувачката на електрична енергија.

Складиште за околу 30.000 тони јаболка

Сегашниот капацитет за складирање е околу 30.000 тони, а се очекува да се зголеми на 40.000 тони јаболка во блиска иднина.

Ерлихер објаснува дека ладилниците вообичаено имаат сендвич панели изолирани со полиуретански и метални плочи за да ја одржуваат внатрешноста ладна. Во случајот со пештерите, карпите ја презеле таа улога.

Фото/Facebook

Пред да можат да се користат, карпите се ладат со гас до длабочина од 5 до 7 метри, што значи дека одржуваат константна температура од 1 степен Целзиусов. Бербата почнала, а ќе трае од 30 до 40 дена.

Еден од фармерите, Лорис Калиари, рече дека биле скептични кога првпат слушнале за идејата, но брзо резултатите ги придобиле.

„Прво се двоумевме, но потоа сфативме дека тоа функционира, бидејќи има добра заштеда на енергија и е многу одржливо“, заклучил тој.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:јаболкаладилниктунел
Претходен напис Нафтата „Брент“ под 85 долари за прв пат од 14 јануари
Следен напис Забрчанец: Наскоро идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“ со кој ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од тие три земји
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?