Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За првпат во историјата маж доби срце од генетски модифицирана свиња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За првпат во историјата маж доби срце од генетски модифицирана свиња
Агровести

За првпат во историјата маж доби срце од генетски модифицирана свиња

Објавено 11/01/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лекарите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд во петокот за првпат во историјата извршија трансплантација на срце на човек од генетски модифицирана свиња.

Ова е прва успешна трансплантација на свинско срце на човечко суштество. 57-годишниот пациент Дејвид Бенет од Мериленд по операцијата бил во стабилна состојба. Ако ова вградување се покаже успешно, научниците се надеваат дека органите од свиња успешно ќе го надополнат недостатокот на човечки донори.

„Срцето има пулс, создава притисок, тоа е неговото срце. Ова е револуционерна операција која нѐ донесе чекор поблиску до решавање на проблемот околу недостигот на човечки органи. Едноставно нема доволно човечки срца за дарување, за да се пополни долгата листа на можни пациенти на кои тоа им е потребно“, изјави д-р Бартли Грифит, кој ја водел операцијата.

Д-р Дејвид Класен, главниот медицински директор на Мрежата за донирање органи, истакнал дека оваа операција е голем чекор напред во процесот на трансплантација. Минатата година, на околу 3.817 Американци им била извршена трансплантација на срце, повеќе од кога било досега. Потребата станува сè поголема, а сведоци сме на случаи кои со месеци чекаат да добијат соодветен орган од доброволни дарители. Секој ден само во САД умираат десетина луѓе кои биле ставени на листите за чекање на органи.

Тој додаде дека ќе помине извесно време пред да почне да се применува таква процедура низ светот, истакнувајќи дека отфрлање на органот може да се случи дури и кога ќе се пресади компатибилен бубрег од човечки донор.

Breaking News: A man received a new heart from a genetically modified pig, a medical first that offers hope to hundreds of thousands of patients with failing organs. https://t.co/CMQEPN9IL9 pic.twitter.com/wSYwFwmqV9

— The New York Times (@nytimes) January 10, 2022

Сè уште не е познато каква иднина го чека Бенет. Тој во моментов е поврзан со уредот што го одржувал во живот пред операцијата, но тоа не е невообичаено за нов примател на срце.

Медицинскиот персонал будно следи дали неговото тело ќе даде некаков знак дека го отфрла новиот орган, а првите 48 часа, кои се сметаат за најкритични, поминале во најдобар ред.

„Можев да бирам помеѓу смрт и оваа трансплантација. А сакам да живеам. Знам дека е мала веројатноста дека сè ќе помине добро, но тоа беше мојот единствен избор“, изјавил Бенет пред операцијата.

Бенет добил срце од генетски модифицирана свиња која била подложена на 10 модификации. Научниците ѝ деактивирале 4 гени, вклучувајќи го и оној кој ги кодира молекулите кои предизвикуваат отфрлање на органите. Исто така, го деактивирале генот за раст за да спречат срцето на свињата да продолжи да расте по трансплантацијата.

Експертите вметнале и шест човечки гени во генот на свињата за да му олеснат на имунолошкиот систем на Бенет да го прифати органот на свињата.

Кога Бенет првпат му кажал на својот син за трансплантацијата, неговиот син бил збунет.

„На почетокот не му верував. Беше во болница еден месец или повеќе и мислев дека можеби халуцинира. Мислев дека такво нешто воопшто не е можно“, рекол неговиот син.

И други свински органи се тестираат за трансплантација на луѓе, како што се бубрег, црн дроб и бели дробови. Претходните обиди за трансплантација од свињи на луѓе беа неуспешни поради генетски разлики што предизвикаа отфрлање на органите или поради вируси кои претставуваа опасност од инфекција. Научниците го решија овој проблем со отстранување на можно штетните гени.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ГМОсвињасрце
Претходен напис Наместо да го гледаат датумот, купувачите во Велика Британија со мирисање ќе го проверуваат квалитетот на млекото
Следен напис Баварски експеримент против мраз: Патиштата се посипуваат со вода од кисели краставички
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?