Британскиот ланец супермаркети „Морисонс“ им предлага на клиентите да користат едноставен тест за мирис за да утврдат дали кравјото млеко е расипано или сè уште може да се користи.
Од супермаркетот им порачуваат на клиентите да го помирисаат млекото за да утврдат дали е сè уште употребливо. Одлуката стапува на сила на крајот на месецот и има за цел да се фрла помалку млеко.
Шишињата што се продаваат во маркетите „Морисонс“ сè уште ќе имаат датуми зад ознаката „најдобра употреба до“, што им дава на клиентите некој вид водич за тоа кога млекото ќе има најдобар вкус, иако млекото често може безбедно да се користи неколку дена по истекот на рокот.
Во Велика Британија годишно се трошат околу 330.000 тони млеко, што е околу 7% од вкупното производство на млеко во Обединетото Кралство, според податоците од 2018 година.
После компирите и лебот, млекото е намирница која најмногу се троши во Британија. Сепак, се фрлаат огромни количини.
„Морисонс“ наведува дека клиентите треба да проверат дали млекото е расипано така што ќе го помирисаат. Ако мириса на кисело, тогаш е можно да е расипано. Друг знак дека млекото е лошо се грутките во млекото.
За да може млекото да остане добро подолго време, шишињата треба да се затворат што е можно подобро и да се чуваат на ладно.
Ова не е прв пат супермаркет да го брише рокот на употреба од пакувањето на намирниците. Во 2020 година, „Морисонсс“ отстрани датуми од некои јогурти и тврди сирења од сопствен бренд.
Маркус Говер, од компанијата „Врап“, потегот на „Морисонс“ го нарече „важен чекор“ кон намалување на отпадот од храна од домаќинствата и го пофали синџирот супермаркети за таа постапка.
Тој објасни: „Воодушевен сум што Морисонс е првиот супермаркет во Велика Британија што го презема овој важен чекор за да помогне во намалувањето на отпадот од храна во домаќинството“., пренесува BBC.
