Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Бугарија: Се превземаат ригорозни мерки против Африканската свинска треска, целта е тотална контрола на болеста


 ,,Во секоја индустриска свињарска фарма ќе биде назначен официјален ветеринар. Ќе воведеме ригорозни мерки за борба против АСТ(Африканската свинска треска)како последица  од влошената  состојба, а исто така е изготвен план за понатамошно дејствување”. Ова го изјави професорот Паскал Жељазков , извршен директор на Бугарската агенција за безбедност на храната (БФСА), на брифингот одржан денес.

Свинската чумата не поминала во друга индустриска фарма

„Пред се , ние забрануваме било какво движење на свињите помеѓу поврзаните фарми, а исто така и во кланиците и другите места каде што имаме движење. Ова ќе продолжи сè додека не се подобри сегашната состојба на инфекцијата во земјата. Неколку работи ќе бидат направени во овој поглед “, коментира Жељазков.

Од 10 јануари, во секој индустриски комплекс за свињи кој има повеќе од 5 000 свињи ќе биде назначен официјален ветеринар „Задачата на специјалистите ќе биде да извршат државна контрола. Тие ќе пратат како се спроведуваат мерките за биосигурност, дали фармата за свињи има воспоставени мерки за биосигурност и како се исполнети. Наредбата дополнително побарува земање примероци на сите мртви свињи од индустриските фарми во земјата. Примероците ќе бидат земени од какви било свињи кои во моментот се болни. Овие мерки се  насочени кон целосна контрола на болеста кај индустриските фарми “, објасни извршниот директор на БФСА.

Според него, ќе продолжи и контролата врз домашните свињи. Заедно со тоа, започнува поголема контрола и во кланиците.  „Кланиците каде што се колат свињи ќе бидат исчистени и целосно дезинфицирани. Истото ќе се направи и со возилата што превезуваат животни “, додаде Жељазков.

Покрај новите контролни мерки, експертот коментираше за појавата на нови случаеви на АСТ во индустриските фарми и приватните фарми.

 „На 3 јануари, АСТ беше дијагностицирана во   свињарската фарма  Никола Козлево. Стручното испитување  продолжува  за да утврди  колку долго постои инфекцијата и како навлегла во фармата за свињи. По започнувањето на оваа студија и земање мостри, откриено е дека има АСТ и на фармата во Брестак, одкаде одат свињите за гоење “, најави тој.

Жељазков истакна дека во фармата за свињи Брестак ќе бидат уништени максимум 5.000 маторици и свињи и 35.000 мали свињи. Покрај тоа, постојат неколку други случаи на болеста кај домашни свињи. „Еден од нив е во селото Веселиново. Засегнати се источнобалканските свињи. Можете сами да претпоставите дека овие свињи не можат да бидат заштитени од АСТ, бидејќи тие живеат скоро во директен контакт со дивите свињи. Следните две епидемии се во мала, семејна фарма во Габровско и две свињи во Сливен “, рече Жељазков. Сепак, ситуацијата со диви свињи е малку поинаква.

 „Досега се тестирани околу 740 диви свињи, од кои 70 се заразени. Ова значи 10% од примените примероци досега се позитивни. Ова е податоци од  два дена. Во текот на изминатиот периодот на лов  беа примени  повеќе  прмероци,а колку од нив  беа позитивни не можам да кажам. Можете да видите дека процентот на заразени свињи се зголемува.Ќе се обидеме да анализираме зошто е тоа така и која е причината “, заклучи експертот.

Извор : https://agri.bg/

https://agri.bg/

Јан 10, 2020agrotim2
За прв пат, после 12 години од имплементацијата на ИПАРД програмата, нашата држава нема да враќа пари во ЕУПрогноза на ЕУ: Африканската свинска треска ќе продолжи да влијае врз глобалниот пазар на месо

Напишете коментар Откажи одговор

10/01/2020 Агровестиафриканска свинска чума, бугарија, Мерки за заштита во Бугарија134

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019