Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вучиќ: Доаѓаат Ковачевски и Рама, Саемот „Винска Визија Отворен Балкан“ е фантастична манифестација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Вучиќ: Доаѓаат Ковачевски и Рама, Саемот „Винска Визија Отворен Балкан“ е фантастична манифестација
Саеми и манифестации

Вучиќ: Доаѓаат Ковачевски и Рама, Саемот „Винска Визија Отворен Балкан“ е фантастична манифестација

Објавено 27/08/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 1 до 4 септември Белград ќе биде европска престолнина на виното „Open Balkans Wine Vision“ организирана од владите на Србија, Северна Македонија и Албанија во рамките на иницијативата Отворен Балкан, кој ќе ги собере најдобрите производители на вино и храна во регионот.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, претседателот Александар Вучиќ во денешното обраќање на јавноста кажа дека тој ќе биде голема и фантастична манифестација, на кој ќе дојдат и македонскиот и албанскиот премиер, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и министрите за надворешни работи на Турција и Унгарија.

Пред нас се големи денови и имаме голема сесија на Отворен Балкан и фантастичната манифестација Вински саем и саемот на храна (Open Balkans Wine Vision). Ќе дојде и премиерот Димитар Ковачевски и Еди Рама и министриите за надворешни работи на Турција и Унгарија, од 1 септември овде и тоа ќе биде фантастична манифестација, промоција на Отворен Балкан и на Србија, на Белград и на Скопје и на Тирана, на нашето зедништво, неможам да кажам на нашето единство, но на нашето заедништво, на зедничкиот пристап на погледот во иднината и се друго, кажа Вучиќ.
Премеирот Ковачевски вчера соопшти дека на претстојниот Саем за вино и храна „Отворен Балкан“, ќе учествуваат 42 македонски визби и три дестилерии, а претставени ќе бидат 300 различни вина.

Учеството на овој Саем за домашната економија значи поголем извоз, откуп и обезбедување нови пазари за македонското вино. На манифестацијата чии кооорганизатори и кодомаќини сме и ние, ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот, рече премиерот.
Според него, Саемот ќе биде можност да се поврзат винските патишта на Балканот, да се соберат најдобрите винарии и да се разговара за развој на потенцијалот на винската индустрија, како и за можноста за учество на светските пазари.

Како што соопшти денес РТС, ексклузивно имаше можност да види како течат последните подготовки за оваа манифестација што ќе се одржи на Белградски саем.
На Белградскиот саем каде за неколку дена ќе се вкрстат винските патишта на Балканот се прават конечни подготовки. Хала 1 изгледа како виноград во затворено со винарии од Србија, Северна Македонија и Албанија. Досега се закажани повеќе од 220 директни средби на деловни луѓе од целиот свет, за кои е резервирана целата Хала 3, емитуваше РТС во видео прилогот.

„Она што го видовме, што се покажа во последните години е дека научивме да правиме доста добро вино. Ајде сега да се обидеме да пробаме да научиме да правиме и добар бизнис од виното, да покажеме дека ова е регион не е регион само на проблеми, дека не е регион што создава проблеми, туку регион што создава решенија, што создава нови можности, пред се нови деловни можности за своите граѓани“, изјави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија (ПКС).

Во Хала 4 има вистинска винарија. Посетителите ќе можат да видат како се прави денес виното, но и како се правело во минатото. Бидејќи доброто вино оди добро со вкусната храна, веднаш покрај, во Хала 5, најеминентните шефови на кујни ќе ја демонстрираат уметноста на правење автентични јадења од локални состојки во текот на денот. Меѓу нив е и специјален гостин изненадување.

Ние сакаме да покажеме што било во минатото, каква е нашата сегашност и каква ќе биде иднината. Можам да ви кажам дека пред два дена имав пријатели, гости од Франција, кои ми рекоа дека ова за нив е најубав саем, изјави Стеван Рајта, директор на Здружението на винари и лозари на Србија.

Тој наведе дека се работи за многу голем проект за кој се потребни многу финансиски средства и дека без помош од државата не би можеле да го направат.

-ПКС организираше и го покани Фалстаф, кој е еден од најголемите списанија за промоција на вино во Европа и светот. Тука е и Декантер. Тоа се одлични познавачи на виното кои ќе ги запознаат нашите компании и ќе имаат можност, некои можеби за прв пат, да видат некои нови сорти што се направени овде, и на тој начин да може да завршат на полиците и во рестораните во големите градови низ светот. Тоа е она што сакаме да го правиме заедно и можеме да го направиме тоа заедно, изјави Чадеж.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:„Open Balkans Wine VisionВинска Визија Отворен Балкан
Претходен напис Малолетник загина во Саса при излетување на трактор од патот
Следен напис Јавен повик за финансиска поддршка на земјоделски задруги
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?