Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавен повик за финансиска поддршка на земјоделски задруги
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Јавен повик за финансиска поддршка на земјоделски задруги
Јавни огласи и повици

Јавен повик за финансиска поддршка на земјоделски задруги

Објавено 27/08/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка по земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/07, 05/09, 43/14, 193/15, 39/16 и 164/18) и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот

JАВЕН ПОВИК бр.10/2022

за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година

  1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

II КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

III ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Финансиската поддршка се однесува на направени прифатливи трошоци во период од 1 јануари до 31 декември 2021 година и за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2022 година. Финансиската поддршка се доделува во износ од 100 % од вкупно направените прифатливи трошоци. Финансиската поддршка за плата за управител на земјоделска задруга која согласно со пропишаните услови може да остварува право на помош од овој вид по висина од 100% во првата година, од просечната плата исплатена во Република Северна Македонија за претходната година со намалување од 20% за секоја наредна година во период не подолг од пет години.
Финансиската поддршка за ангажирање на едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината, согласно со видот на земјоделската задруга во висина не повеќе од просечната плата исплатена во Република Северна Македонија за претходната година, (за земјоделските задруги од голем обем)
Доделената финансиска поддршка е неповратна.

IV УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата за поединечна подмерка се доставуваат во оригинален примерок.

Еден корисник поднесува посебно барање за секоја мерка во оригинал. Еден корисник може да поднесе најмногу 2 барања за оваа мерка или најмногу 2 барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

-Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година (Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 64/22, 81/22, 88/22, 97/22 и 171/22)
-Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/13, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.152/19, 244/19, 275/19 и 110/21)
-Закон за земјоделски задруги („Службен весник на Р.Македонија“ бр.23/13, 51/15, 193/15 и 39/16)
-Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17 и 162/18) и
-Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 101/17 и 162/18)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да поднесат уредно и целосно пополнето барање за исплата на средства за Мерка 131 заедно со пропратната документација наведена во барањето.
Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства за мерката 131, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

V ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Обрасците „Барање за исплата“ со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk
Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 (Зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје

VI НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката „НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 10/2022 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не презема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Краен рок за доставување на барање за исплата по овој јавен повик е 30 септември 2022 година.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

За повеќе информации и изготвување на апликации во Агротим на телефонските броеви 071/ 285-385 и 070/ 267-789 или на [email protected]

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:земјоделски задруги
Претходен напис Вучиќ: Доаѓаат Ковачевски и Рама, Саемот „Винска Визија Отворен Балкан“ е фантастична манифестација
Следен напис Кукурек, македонско кисело млеко, кочански ориз, штипска пастрмалија, тавче гравче… се само дел од јадењата кои ќе бидат претставени на саемот на вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград.
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?