Второ прскање против комарци на територијата на општина Неготино ќе се врши утре и задутре, соопштија од локалната самоуправа.
– Утре против комарци ќе се прска во сите населени места, додека во четврток прскањето ќе се одвива во градот и околината. Прскањето утре и задутре ќе започне и ќе се врши во раните утрински часови, кога и фреквенцијата на луѓе и возила е сведена на минимум – додадоа од локалната самоуправа.
Одгледувачите на пчели се советуваат да извршат нивна навремена заштита.
МИА
